- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: НВО се бори против стигмата за аутизмот

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Здравје, Младина, Уметност и култура

Владо Трајковски, претседател на Македонското научно здружение за аутизам [1], призна на својот блог дека покрај тоа што организацијата одржала успешна работилница за деца со аутизам [2] на која креирале слики кои ќе се продаваат на добротворна аукција, учествувале само 8 од поканети 60 семејства. Според него, повеќето семејства се во апатија и „се кријат од вистината, се кријат од соседите, се кријат да не бидат видени од камерите“.