- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Дали Саудиска Арабија ја бомбардираше античката брана Мариб во Јемен?

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Јемен, Саудиска Арабија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Историја, Најважни вести

Непотврдени извештаи велат дека Саудиските коалициони сили, кои повеќе од два месеци го бомбардираат Јемен сега за цел ја земале браната Мариб [1], едно од инженерските чуда на стариот свет.

На Твитер, Хусаин Албукхаити тврди:

Непотврдени извештаи: #Saudi [2] борбени авиони само што ја бомбардираа историската #Marib [3] брана NW #Yemen [4] http://t.co/rZYWUF2Qe6 [5] pic.twitter.com/XTqHrXMGAk [6]

— Хусаин Албукхаити (@HussainBukhaiti) 30 мај, 2015 [7]

Во следен твит, Албукхаити објави фотографија од руина, од тоа што тој го опишува како браната, која датира од 8 век пред нашата ера и се смета за најстарата позната брана во светот:

Браната Мариб NE #Yemen [4] која датира од 8 век вчера беше мета на #Saudi [2] борбени авиони претходен твит https://t.co/c746huac1P [8] pic.twitter.com/D8nj6yA5M1 [9]

— Хусаин Албукхаити (@HussainBukhaiti) 31мај, 2015 [10]

Степенот на уништувањето на Јеменската инфраструктура и историја се уште е непознат. Ние овде [11] собираме информации и траги за штетата, на Глобал Војсис Чекдеск, колаборациски проект помеѓу Чекдескот на Меедан [12], алатка за онлајн верификација на вести, и Глобал Војсис Онлајн.

Оставете коментар овде да придонесете со новости за оваа сторија или да се придружите на нашиот тим.