- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Грција: Документарецот „Долгократија“ достапен на англиски

Категории: Западна Европа, Латинска Америка, Аргентина, Грција, Еквадор, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Економија и бизнис, Филм

„Долгократија“ (анг. Debtocracy [1]), документарен филм на Катерина Китиди и Арис Хаџистефану [2] за причините и можните решенија на грчката должничка криза, од 6 мај може да се гледа со англиски превод. Филмот, кој до тогаш наводно имал над 1 милион гледања, е дистрибуиран под лиценцата Криејтив комонс наведи извор-сподели под исти услови 3.0. Овој „документарец чиј продуцент е публиката“ е направен со 8.000 евра надокнадени преку мали донации [3] (грчки) од индивидуални граѓани и синдикати. Содржи споредби со случаите на Аргентина и Еквадор.