- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Видео: Млади луѓе од целиот свет се изјаснуваат во 60 секунди

Категории: Источна и Централна Европа, Јужна Азија, Кариби, Супсахарска Африка, Централна Азија и Кавказ, Антигва и Барбуда, Бангладеш, Монголија, Нигер, Полска, Граѓански медиуми, Младина, Образование, Уметност и култура, Филм, Човекови права
TheOneMinutesJr Logo [1]

OneMinutesJr Лого

Проектот OneMinutesJr [2] на младите луѓе од целиот свет, кои се на возраст од 12 до 20 години им дава можност да се изразат, да проговорат и да научат аудиовизуелни вештини за да можат да комуницираат без разлика на границите, јазиците и растојанијата со помош на видео клипови кои кои траат 60 секунди.

Проектот OneMinutesJr е резултат на здружениот труд на Европската фондација за култура [2], Фондацијата One Minute Jr. [2] и УНИЦЕФ [2], како и други партнерски организации. На нивниот веб-сајт, можете да пребарувате видео клипови во траење од една минута од различни земји, некои испратени од поединци, а други се резултати од работилниците [2] каде што младите се учат на вештини за пишување, снимање и уредување на нивните идеи.

Овие кратки видео клипови ги прикажуваат грижите, интересите, идеите и соништата на младите од различни потекла и ни отвораат прозорец во нивниот секојдневен живот. На пример, Људмила Кјершак [2] од Полска [2], во видеото објаснува која е таа. За да го погледнете видеото, кликнете на сликата подолу, за да можете да отидете на страницата OneMinutesJr [2].

Who am I by Ludmila [3]

Во Бангладеш, Мобашера Таранум Адиба објаснува неколку примероци на статии од Конвенцијата за правата на детето [2]. Во видеото, Сакам слобода [2], таа се води според член 12 во кој се нагласува дека децата го имаат правото за нивните ставови да бидат слушнати и нивните гласови да се почитуваат и член 16 во кој се наведува дека секое дете има право на приватност.

Од Монголија, Тувденџамтс (Тувден) Алтанкјаг го објаснува [2] детското право на својата култура и традиција:

И во следново видео, Симон Тонге од Антигва и Барбуда, го искажува своето право на слобода на изразување во Исповед на една девојка: [2]

Ибрахим Иде од Нигер го прикажува правото кое децата го заслужуваат за да имаат грижливо семејство кое ги штити нивните права во Со или без [2]:

За повеќе видео клипови во траење од една минута, можете да проверите на главната страница за проектот на TheOneMinutesJr.org [2] или можете да го посетите каналот One Minutes Jr. на УНИЦЕФ  на Јутјуб [2] за да погледнете многу други видео-клипови во траење од 60 секунди, создадени од страна на младите за правата на децата .