Видео: Млади луѓе од целиот свет се изјаснуваат во 60 секунди

TheOneMinutesJr Logo

OneMinutesJr Лого

Проектот OneMinutesJr на младите луѓе од целиот свет, кои се на возраст од 12 до 20 години им дава можност да се изразат, да проговорат и да научат аудиовизуелни вештини за да можат да комуницираат без разлика на границите, јазиците и растојанијата со помош на видео клипови кои кои траат 60 секунди.

Проектот OneMinutesJr е резултат на здружениот труд на Европската фондација за култура, Фондацијата One Minute Jr. и УНИЦЕФ, како и други партнерски организации. На нивниот веб-сајт, можете да пребарувате видео клипови во траење од една минута од различни земји, некои испратени од поединци, а други се резултати од работилниците каде што младите се учат на вештини за пишување, снимање и уредување на нивните идеи.

Овие кратки видео клипови ги прикажуваат грижите, интересите, идеите и соништата на младите од различни потекла и ни отвораат прозорец во нивниот секојдневен живот. На пример, Људмила Кјершак од Полска, во видеото објаснува која е таа. За да го погледнете видеото, кликнете на сликата подолу, за да можете да отидете на страницата OneMinutesJr.

Who am I by Ludmila

Во Бангладеш, Мобашера Таранум Адиба објаснува неколку примероци на статии од Конвенцијата за правата на детето. Во видеото, Сакам слобода, таа се води според член 12 во кој се нагласува дека децата го имаат правото за нивните ставови да бидат слушнати и нивните гласови да се почитуваат и член 16 во кој се наведува дека секое дете има право на приватност.

Од Монголија, Тувденџамтс (Тувден) Алтанкјаг го објаснува детското право на својата култура и традиција:

И во следново видео, Симон Тонге од Антигва и Барбуда, го искажува своето право на слобода на изразување во Исповед на една девојка:

Ибрахим Иде од Нигер го прикажува правото кое децата го заслужуваат за да имаат грижливо семејство кое ги штити нивните права во Со или без:

За повеќе видео клипови во траење од една минута, можете да проверите на главната страница за проектот на TheOneMinutesJr.org или можете да го посетите каналот One Minutes Jr. на УНИЦЕФ  на Јутјуб за да погледнете многу други видео-клипови во траење од 60 секунди, создадени од страна на младите за правата на децата .

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.