Пред повеќе од две години пишувавме за националните спортови. Денес, се враќаме на темата за да дознаеме нешто повеќе за спортот и игрите кои луѓето ги практикуваат во различни делови на светот.
Момчиња во парк од Андру Виласис Криејтив Комонс, Наведи извор
Арнис е национален спорт на Филипини. Тоа е комбинација од борење со допир со користење на стапчиња како замена за оружје. Се вели дека еволуирал од забраната за користење оружје кое шпанските колонизатори го наметнале на локалното население, па се преправале дека го практикуваат и со потсмев се борат, а со тоа и тие биле во можност да го практикуваат. Ова е краток документарен филм за aрнис и како некои љубители на спортот се обидуваат повторно да му ја вратат популарноста:
Традиционалниот спорт во Аргентина е наречен пато, спој на поло и кошарка каде што топката треба да се стави низ вертикален обрач. Името на играта значи патка на шпански, бидејќи првобитно, наместо топка, се користела жива патка. Во текот на историјата, имало подеми и падови, а еднаш дури беше и забранет поради зголемувањето на бројот на човечки жртви. Во 1953 година, беше прогласен за национален спорт во Аргентина. Следново видео-анимација од каналот на аргентинското Министерството за образование ја објаснува историјата на пато и правилата. Тоа е со превод на англиски:
Националната игра на Иран и Бангладеш е кабади, традиционален спорт, каде членовите на тимот треба да го „нападнат“ противничкиот тим со означување и да избегнат фаќање додека го држат здивот и го повторуваат името на играта. Во светските првенства 3 Кабади, Индија е таа која ја освои славата, проследена со Иран и Пакистан. Следново видео ги покажува моментите на една кабади игра во Индија, каде може да се види фаќањето и напаѓањето:
Во Бразил постои капоеира, хибрид на боречките вештини, спорт, танц и музика. Таа потекнува од заедниците на избеганите африкански робови, низ некои периоди беше забранувана, а сега стана нешто слично на амбасадор на бразилската култура, интерес кој во спортот предизвика создавање училишта на капоеира во многу различни земји. Сега, капоеира направи полн круг и се врати во Африка, каде што голем број училишта се отвораат. Сега, африканската младина има шанса да ја учи и практикува оваа боречка вештина, чии елементи можат да се препознаат во нивните традиционални музички инструменти и танци, како што може да се види во овој видео клип направен во Сао Томе е Принсипе.