Водичот „Вовед во граѓански медиуми“ нуди контекст и случаи на случаи, кои покажуваат како граѓаните од целиот свет се почесто ги користат блоговите, поткастите, онлајн видеото и дигиталната фотографија за да се вклучат во дискусии, кои ги надминуваат границите, културите и различните јазици.
Извадок од воведот:
Начинот на кој комуницираме се менува.
Пред само десет години се информиравме за светот преку весници, телевизија и радио. Професионалните новинари одеа на далечни места и се враќаа со приказни, фотографии и видеа од тамошните состојби и луѓето со кои се среќавале.
Понекогаш, за време на вечерата зборуваме за овие приказни со нашите пријатели и семејство. Но, пред десетина години ние ретко или речиси воопшто не комунициравме директно со самите новинари. Истакнати членови на општеството пишуваа статии во кои ги изразуваа своите мислења за различни прашања, но ние останатите можевме да ги споделиме нашите мислења само со мала група пријатели.
Во текот на последните неколку години сè се промени. Благодарение на новите алатки, како што се блоговите, сега може лесно да се објавува на интернет. Од Турција преку Кенија до Боливија, обичните луѓе како ти и јас почнуваат да ги споделуваат своите приказни и мислења со остатокот од светот.
Иако оваа нова форма на комуникација сега е бесплатно достапна за секого, повеќето од луѓето кои учествуваат сè уште живеат во богатите населби на урбаните градови.
Целта на овој водич е да покаже дека секој што има интернет врска може да учествува во новата глобална конверзација. Начинот на кој го разбираме светот сега не е обликуван само од страна на весниците и телевизијата, туку и од самите нас.
Иако веќе постојат неколку одлични воведи во принципите на граѓанските медиуми, тие најчесто се фокусирани на граѓанските иницијативи во Северна Америја и Западна Европа. Од друга страна, овој водич, сака да им покаже на жителите од Северна Америја и Западна Европа дека некои од најинтересните и најиновативни случувања поврзани со граѓанските медиуми се случуваат во не-западните земји. Покрај ова, водичот служи и како референца за локалните граѓански иницијативи, кои сакаат да овозможат поинтернационален контекст на нивните проекти при приоѓањето на лидерите, политичарите и фондациите.