Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мјанмар сака светот да престане да го користи зборот „Рохингја“ за гонетата етничка група

Loading a truck with Rohingya refugees. Photo by Steve Gumaer. Source: Flickr, CC License

Полнење на камион со „Рохингја“ бегалци. Фотографија на Стив Гумаер. Извор: Фликр, CC лиценца

За групите за човекови права надвор од Мјанмар, народот Рохингја е меѓу најгонетите етнички групи во светот. Но, за властите во Мјанмар и будистичките националисти, тие се третираат како нелегални имигранти кои живеат во западната држава Ракхине.

Министерството за надворешни работи на Мјанмар бара од другите влади да се воздржат од користење на зборот „Рохингја“ бидејќи е оценет како навредлив од многу луѓе во државата.

Но минатиот месец, од амбасадата на САД во Мјанмар објавија изјава во која се изразува сочуство кон фамилиите на Рохингја бегалците со бродови кои загинаа во несреќа.

…we extend our condolences to the families of the victims, who local reports state were from the Rohingya community. Restrictions on access to markets, livelihoods, and other basic services in Rakhine State can lead to communities unnecessarily risking their lives in an attempt to improve their quality of life.

…го изразуваме нашето сочуство кон семејствата на жртвите, за кои локалните извештаи тврдат дека биле од Рохингја заедницата. Ограничувања на пристапот до пазарите, средства за егзистенцијата, и други основни услуги во државата Ракхине можат да доведат до непотребно ризикување на животот во заедниците во обиди да се подобри квалитетот на животот.

Оваа изјава ги налути будистичките националисти кои организираа протест пред амбасадата на САД. Тие носеа транспаренти со пораки како „Оние кои го користат зборот Рохингја се наши непријатели!“ и „Не мешајте се во нашите внатрешни работи!“

Тие инсистираат на тоа дека Рохингја треба да се нарекуваат „Бенгалци“ бидејќи тие се „илегални имигранти од Бангладеш.“

Мјанмарски националисти протестираат во Манделеј против користење на терминот #Рохингја од страна на САД

Националистички протест – прекор за САД за изјавата Рохингја

Мнозинството Рохингја се муслимани кои стотици години живееле во близина на границата помеѓу Мјанмар и Бангладеш. Но, владата во Мјанмар одби да ги признае Рохингја како една од етничките групи во државата.

Од 2012, неколку судири помеѓу тврдокорни будистички и муслимански групи ги раселија Рохингја од нивните заедници. Некои избегаа кон соседните држави од Југоисточна Азија како бегалци со брод, додека многу побараа засолниште во привремените прибежишта.

Обраќајќи се на парламентот на Обединетото Кралство, првиот мјанмарски католички кардинал Чарлс Маунг Бо ги опиша Рохингја како „некои од најмаргинилизираните, дехуманизирани и гонети луѓе во светот.“

Неговата изјава беше објавена од веб страницата „World Watch Monitor“:

They are treated worse than animals. Stripped of their citizenship, rejected by neighbouring countries, they are rendered stateless. No human being deserves to be treated this way..

Ги третираат полошо од животни. Со одземено државјанство, одбиени од соседните држави, тие се луѓе оставени без земја. Ниедно човечко суштество не заслужува да биде третирано на овој начин.

Скот Марсиел, новиот амбасадор на САД во Мјанмар, го прифати ставот на владата на Мјанмар кон зборот Рохингја, но потенцираше дека заедниците имаат право да бидат нарекувани со нивните имиња.

Изјавата на Марсиел поттикна лути коментари на Интернет во Мјанмар и покрај фактот што зборот „Рохингја“ не беше споменат од американскиот претставник.

„Иравади“, веб страница на независна новинска агенција, објави статија на оваа тема.

Наместо борба за терминологија, повика на дијалог помеѓу будистите и муслиманите:

…rather than arguing over terminology, it is crucial to initiate a dialogue between the Buddhist majority and Muslim minority in Arakan State and negotiate a lasting solution, which would alleviate the everyday suffering of all communities in the impoverished state.

…наместо да се расправаме за терминологија, круцијално е да иницираме дијалог помеѓу мнозинството будисти и малцинството муслимани во државата Аракан и да договориме трајно решение, кое би го отстранило секојдневното страдање на сите заедници во осиромашената држава.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.