- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тајланд: Уникатни такси декорации во Банкок

Категории: Источна Азија, Тајланд, Граѓански медиуми, Туризам, Уметност и култура, Фотографија

Овој блог е посветен на пријателски расположените, трпеливи, консумирачи на сомтум, обожувачи на амајлии, такси возачи во Банкок.

Креиран пред четири години, блогот Мирен живот во возила кои се движат [1] содржи интересни слики од декорациите во такси возилата во Банкок. Дејл Констанц, кој започна со собирање на овие фотографии пред повеќе од пет години, зборува од каде потекува инспирацијата за овој онлајн проект

Започнав да фотографирам внатре во такси возилата во Банкок пред околу пет години. Кратко потоа еден пријател, кој е писател, ми предложи да отпочнам блог како добар метод за архивирање на моите фотографии и документирање на моите искуства во таксињата. Исто така, помислив дека тоа би било одличен начин да ја споделувам мојата опсервација на тајландската култура со пријателите и семејството, како и со другите љубители на популарната тајландска култура.

 

Дејл ја почитува [2] вредноста на амајлиите на таксистите, особено нивното влијание врз патниците и жителите на Банкок

Се симнувам од метрото, влегувам во такси и одам на работа. По 8 работни часа, се качувам во такси и тргнувам накај дома. Пет дена во неделата. Звучи здодевно? Не е ако ги користиш такси услугите во Банкок.

За мене, не се работи толку за надворешната панорама, колку што ми е интересен ентериерот на таксињата во Банкок; колекцијата од богови, божици, светци, статуетки од монаси, цвеќиња и други ситници кои се избрани поради нивната моќ да го заштитуваат возачот и возилото и да му донесат многу патници. Такви како мене.

[3]

Кога побараа од него да им даде име на сликите на неговиот блог, кои најдобро ја претставуваат уникатноста на таксињата во Банкок, Дејл го спомена следново

1. Слика од такси исполнето со широка колекција од религиозни и суеверни предмети, како и други разновидни тракатанци.

2. Слика од такси возило декорирано со слики од ликовите од Хело Кити, птицата Твити, Дораемон, Мечето Пу или Хулк.

3. Слика од такси со цртежи направени од будистички калуѓери, цртежи на таванот, воланот или други делови од ентериерот на возилото. Цртежите треба да го заштитат возачот, возилото и патниците од несреќи и лоши духови.

4. Слика од предмети за кои се верува дека привлекуваат пари. На пример, рипки направени од свиткани пари, статуи од Буда обвиткани во смола и минијатурни мамки за риби кои би требало да „фаќаат“ пари.

5. Фотографија од такси со слики од кралот и други личности од тајландското кралство од минатото и сегашноста.

 

[4]

Кралот е навистина популарна и сакана личност во Тајланд

[5]

Амајлија во пластична обвивка

[6]

Буда и војник

[7]

Декорација со монети

[8]

Налепница oд Јинглук Шинаватра, првата жена премиер во Тајланд

[9]

Појадок за боговите: Црвено кари, запржен зеленчук, ориз и леден чај

[10]

Симбол на тајландски волонтер во Фондацијата за спасување на патиштата

Риба направена од свиткани пари

Статуетка од калуѓер на контролната табла

Блогот на Дејл доби добри коментари, дури и медиумско внимание

Некои од читателите живеат во Тајланд, но има заинтересирани од целиот свет. Меѓу обожавателите има и лица кои се од Тајланд, но живеат во странство и се носталгични, лица кои го посетиле местово и се присетуваат на нивните доживувања во Тајланд и други кои ги привлекува тајландската култура, било што поврзано со такси возилата, археологија или Будизмот