Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Нигерија: Социјалните медиуми и изборите во 2011 година

Нигерија: Социјалните медиуми и изборите во 2011 година

Овој пост е дел од нашето специјално покривање на изборите во Нигерија во 2011 година.

Global Voices: Кој е Толу Огунлеси? (@toluogunlesi) (Освен што е еден од оние кои ги зачинуваат страниците на весникот НЕКСТ)

Толу Огунлеси: Фармацевт, новинар, фотограф, активист на социјалните мрежи, поет и писател на научна фантастика. Не сум сигурен дека има да додадам нешто за себе, покрај овие суви факти. Мислам дека другите луѓе треба да пресудат.

ГВ: Како одеднаш стана мода да се твита, четува, споделува информации на Фејсбук во врска со изборите во Нигерија од 2011 година?

ТО: Мислам дека кога веќе социјалните мрежи станаа значителен дел од животите на сѐ поголемиот број Нигеријци (во просек два милиони Нигеријци се на Фејсбук (значително мал број во споредба со вкупниот број на население), не постоеше начин изборите да се одржат без процесот да се одвива на Фејсбук и Твитер. Исто така, потегот како што е одлуката на претседателот Џонатан да се придружи на Фејсбук помогна во популаризирањето на социјалните мрежи. Во земја која долго време била управувана од недостапниот Голем Човек, изненадувачко беше откритието дека може да се “комуницира” со претседателот преку Фејсбук.

ГВ: Дали социјалните медиуми отворија нови хоризонти за време на кампањите?

Tolu Ogunlesi. Photo courtesy of Ifeyinwa Uzowulu.

Толу Огунлеси. Фотографија на Ифејинва Узовулу

ТО: Дефинитивно. Претседателот Џонатан го одзема сјајот на претседателската декларација на ИББ [Ибрахим Бабангида] во Абуџа со одлуката тоа утро да го објави неговиот сопствен предлог на Фејсбук. Ибрахим Бабангида започна кампања на YouTube и имаше помошник во фалењето дека станал зависник од Фејсбук.

ГВ: Каква беше нивната улога при убедувањето гласачите да изберат кандидат? Конкретко за многубројните анкети на интернет за претседателските кандидати?

ТО: Мора да се напомене дека многу ограничен број од населението во Нигерија користи социјални мрежи. Не се трудам да ја ограничам ефикасноста на социјалните медиуми само на онлајн популацијата, она што ова значи е дека гласањето на интернет можеби не е фер мерка за гласачкиот потенцијал, имајќи во предвид дека публиката на гласачи преку интернет сѐ пред се млади луѓе, разумно образувани и со карактеристики на средната класа кои не се многу прецизни претставници на вкупната гласачка популација.

ГВ: Повеќето нигеријци сѐ уште се потпираат на традиционалните медиуми (особено радиото) за вести од изборите. Дали сметаш дека социјалните медиуми ќе можат да ги победат традиционалните медиуми, како главен извор на информации за време на изборите во Нигерија?

ТО: Одбивам на тоа да гледам како натпревар меѓу традиционалните и новите медиуми. Повеќе ме интересира да видам како старите и новите меѓусебно се покриваат и поврзуваат и засилуваат меѓусебно. Ме интересира како твитовите и пораките од блекбери стигнуваат до радио и стануваат потенцијални извори на вести (на пр. известување од сообраќај). Пирс Морган неодамна објави дека за смртта на Осама дознал преку Твитер (“од случаен пост”  како што вели тој). Тој потоа покрена интересно прашање во врска со концептот на “примарните” извори на вести.

ГВ: Лидерите на мислења се исто така важни агенти на гласачко однесување за изборите во Нигерија. Дали новите медиуми имаат некаква шанса да влијаат врз обичните луѓе?

ТО: Па, од една страна нам ни е потребно подобро образувано население, пред да можеме да согледаме таков начин на реално дирекно влијание. Од друга страна, новите медиуми можат да влијаат врз обичните гласачи со посредство на традиционалните медиуми (радио, телевизија), на начин кој го објаснив пред малку, случајот со известување од сообраќајот.

ГВ: Кои од многубројните нови медиуми имаат најголемо влијание онлајн на Нигерија Одлучува 2001? – Твитер, Фејсбук, блогови, ЛинкдИн итн. и зошто?

ТО: Немам статистика при рака, па затоа е тешко да се каже. Потоа, јас сум на Твитер, па затоа можеби нема да бидам објективен судија за ова. Но сепак, мислам дека Твитер успева да го избегне сиот метеж што го има на Фејсбук и карактеристиките како #хаштаговите и Модерни постови прават полесно да се изолира трендот и вкупните/поединечните битни информации.

ГВ: Дали предвидувате некаква иднина за сајбер-воините на Нигерија Одлучува: РИГЗ (Регистрирај, Избери, Гласај, Заштитна кампања), враќање на Наија на прав пат, ЕиЕ Нигерија итн.

TO: Дефинитивно. Работата само што започна. Ќе биде грешно да размислувате дека #Нигерија одлучи. Вистината е дека Нигерија сѐ уште одлучува. Треба да преминеме во следната фаза, што ќе вклучи повикување на одговорност на нашите избрани и назначени, како и фино поднесување на стратегиите кои се распоредени во текот на штотуку склучените избори, така што ангажманот од 2015 година ќе биде уште поуспешен.

ГВ: За крај, мислиш ли дека социјалните медиуми влијаеле на изборите во Нигерија? Или беше малку преувеличено?

ТО: Одигра улога. Помогна да се поттикнат значителен број (по)млади нигеријци. Направи свесноста за изборите да биде кул, исто како што беше во САД во 2008 година.

Овој пост е дел од нашето специјално покривање на изборите во Нигерија во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.