- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Индија: Видеа за растењето во Индија

Категории: Индија, Јужна Африка, Сенегал, Граѓански медиуми, Младина, Образование, Уметност и култура, Филм
Adobe Youth Voices Logo [1]

Логото на Adobe Youth Voices

Благодарение на програмата Adobe Youth Voices [2], младите од цел свет имаат можност да испробаат аудиовизуелна опрема за да ги раскажат своите приказни од нивна гледна точка. Така е во Индија, каде што младите од многу училишта и од сиромашните предградија снимија кратки видеа [3] за да покажат на светот  што ги опкружува и кои се нивните грижи. Прво, едно видео [4] го покажува различното однесување кон момчињата и девојчињата во Индија. Едно друго видео [5] ги опишува тешкотиите со кои се судрува една девојка која мора да работи  во куќата, а нема време да ги напише домашните задачи за на училиште, друга приказна [6] е за едно момче чии родители го казнуваат ако пропушти само еден час и потоа веднаш почнува да пуши под притсок на неговите другари (преводот е на англиски јазик).

Првото видео Freedom (Слобода),  е  опишано од Мера Сина (Meera Sinha) на нејзиниот блог  Една година во Индија [7]:

Интересна забелешка: 17 годишната Мубин беше предводник на Freedom,  а јас веќе пишував  за неа (таа е главната улога во ова видео) овде [8]. Кон крајот на видеото, ќе забележите една жена која ја прашуваат зошто повеќе го сака синот од ќерката. Запаметете дека во ова интервју Мубин ги поставува прашањата, а нејзината мајка одговара на нив.

Ако претходното видео [4] ни даде слика за девојка која ги врши сите работи и во куќата и за во училиште,  следното видео [5], снимано од училиштето Ведик Канија во Делхи, ги покажува педагошките предности од ваков живот, каде што девојките имаат двојна одговорност и како недостатокот на време за пишување домашни работи може да влијае на нивните оцени :

Ова последно видео [6] на Државното училиште Ноида во Делхи ни прикажува машка перпектива за растењето во Индија, фокусирајќи се како пушењето кај младите предизвукуваа проблеми со родителите и притисоци во друштвата.

Можете да видите голем број видеа снимани од млади на сајтот  Adobe Youth Voices [2], каде што можете да пребарувате информации за регионот и да се информирате не само за животот во Индија, туку и за младите во Сенегал и Јужна Африка, како и за младите од САД, Канада и Велика Британија.