Во неделата, 1 мај 2016, на меѓународниот ден на трудот, разни граѓански, трговски синдикати и политички групи организираа масовен марш против предлогот на конгресот на САД да се постави федерален Одбор за финансиска контрола со широка моќ во Порторико.
Островот, кој е неинкорпорирана територија на САД, се соочува со тешка финансиска криза. Истиот ден, гувернерот на Порторико, Алехандро Гарсија Падиља, изјави дека блокирал отплата на долг од 422 милиони американски долари кој требаши да се плати во понеделникот, 2 мај 2016. Следниот рок за плаќање е на 1 јули 2016. Вкупниот јавен долг на државата изнесува околу 72 милијарди американски долари.
Критичарите велат, помеѓу другото, дека федералниот Одбор за финансиска контрола ќе се фокусира на плаќање на иматели на обврзници наместо на создавањето мерки за стимулација на државната економија, и дека тој е уште еден инструмент на колонијалната интервенција и контрола. Исто така тој нема да му дозволи на Порторико да го реструктурира сопствениот долг или да го промени фактот дека островот нема придобивки од Законот за банкрот на САД. Сегашната економска рецесија доведе до голема миграција на Порториканци поради сè поголемиот трошок за живот и недостатокот на работни места.
Центарот за нова економија, независна, непрофитна и непартиска организација фокусирана на промовирање на добри социоекономски политики за Порторико, предложи Закон за фискална одговорност како алтернатива:
Una Ley de Responsabilidad Fiscal, impulsada y manejada localmente, que busque reformar las instituciones clave y adopte una regla fiscal bien diseñada puede no solamente transformar la posición fiscal de Puerto Rico sino que puede a la vez introducir reformas de gobernanza que aseguren la solvencia y sostenibilidad fiscal del gobierno en el largo plazo. Una Ley de Responsabilidad Fiscal atiende las preocupaciones legítimas del gobierno federal y los reparos políticos que han surgido en la isla alrededor de la propuesta para una junta de control fiscal.
Закон за фискална одговорност, промовиран и менаџиран на локално ниво, кој има за цел да ги реформира клучните институции и да усвои добро дизајнирани фискални правила, не само што ќе го транформира фискалниот статус на Порторико, туку и ќе воведе владини реформи за да се осигура фискалната солвентност и одржливоста на владата на долг рок. Законот за фискална одговорност одговора на легитимни грижи на федералната влада и политичките приговори кои се појавија на островот околу предлогот за одбор за финансиска контрола.
Еве неколку фотографии од протестите на 1 мај 2016 против Одборот за надзор кои беа споделувани на социјалните мрежи: