Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

По 33 години, САД конечно ја избриша Куба од листата на земји кои подржуваат тероризам

Plaza de la Revolución. Photo taken from Mark Scott Johnson licensed by CC BY 2.0

Plaza de la Revolución. Фотографија од Mark Scott Johnson лиценцирана од CC од 2.0

Соединетите Американски Држави конечно ја избришаа Куба од нивната листа на земји кои подржуваат тероризам; листа создадена за држави кои според владата на САД, постојано подржуваат меѓународни актови на испланирано насилство со политички мотиви врз цивили.

Американскиот Стејт Департмент вели:

Во декември 2014, претстедателот побара од државниот секретар веднаш да се ревидира означувањето на Куба како спонзор на тероризам, и да му се прати извештај во рок од шест месеци за кубанската подршка на интернационален тероризам. На 8 април 2015, државниот секретар го комплетираше извештајот и му препорача на претстедателот да ја отстрани Куба од листата.

На 14 април, претседателот го поднесе пред Конгресот извештајот кој ја прикажува намерата на Администрацијата да се укине означувањето на Куба како земја која спонзорира тероризам, заедно со потврдата дека Куба не обезбедила никаква подршка за интернационалниот тероризам во последниве шест месеци; и гаранција дека Куба нема да подржува било какви актови на тероризам во иднината. Поминаа 45те дена кои му беа дадени на Конгресот за да донесе одлука и денеска, на 29 мај 2015, државниот секретар ја донесе конечната одлука Куба да се избрише од листата на земји кои спонзорираат тероризам.

Укинувањето на ознаката на Куба како земја која спонзорира тероризам ја одразува нашата проценка дека Куба ги задоволува потребните законски критериуми за нејзино отстранување од листата. Иако САД има значителни грижи и несогласувања со голем број од постапките и законите на Куба, овие постапки и закони не се дел од критериумите кои една држава треба да ги задоволи за да ја изгуби ознаката – земја која спонзорира тероризам.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.