Камбоџа: Најголема поплава во деценијата

Огромните врнежи над реката Меконг во Лаос и Тајланд доведоа до тешко поплавување на Камбоџа. Катастрофата претставува најголемата поплава која се случила во последната деценија и предизвика невидени штети во земјата.

Многу региони се поплавени што се одрази на илијадници хектари оризови никулци. Поплавите убија и повеќе од 200 луѓе и уништија многу патни мрежи, бандери и други јавни објекти. Илијадници училишта беа затворени, а гласачкиот попис за парламентарните избори за наредната година беше продолжен.

Радио Слободна Азија извести за влијанието на поплавата, сумирано од потпретседателот на Државниот комитет за временски непогоди во Камбоџа, Њем Ванда:

ស្រូវ​ចំនួន​ជាង ៤​សែន​ហិកតារ​បាន​លិច​ទឹក​ជំនន់។ ស្រូវ​ចំនួន​ជាង ២​សែន​៥​ម៉ឺន​ហិកតារ​ទៀត​បាន​ខូចខាត​ទាំង​ស្រុង។ ផ្លូវ​លំ​ប្រវែង​ជិត ៣.០០០​គីឡូម៉ែត្រ​បាន​ខូចខាត។ ទំនប់​ទឹក​ប្រវែង​រវាង ៣០០​គីឡូម៉ែត្រ ទៅ ៤០០​គីឡូម៉ែត្រ បាន​ខូចខាត។ ប្រជាពលរដ្ឋ​ស្លាប់​ចំនួន ២៤៧​នាក់។ សាលារៀន​ជាង ១.០០០​កន្លែង​បាន​លិច​ទឹក​ជំនន់។ គេ​បាន​ប៉ាន់ស្មាន​ជា​ថ្មី​ឲ្យ​ដឹង​ថា តម្លៃ​ខូចខាត​សរុប​ជាង ៤០០​លាន​ដុល្លារ​អាមេរិក។

Проценето е дека 400,000 хектари на ориз се поплавени. Над  250,000 oризови плодови се целосно изгубени. 3,000 километри на патна инфраструктура се уништени. 300-400 километри на кабли се оштетени. Над 247 луѓе се загинати. Повеќе од 1,000 училишта се поплавени. Проценетата загуба Камбоџа ќе ја чини над $400 милиони.

Домот на авторот наследен од прадедо му во село во провинцијата Компонг Чам каде нивото на поплавата е повисоко од вообичаено.

Меѓу многубројните провинции кои ги има погодено оваа катастрофална поплава е Сием Рип, најголемата туристичка дестинација, каде е лоцирана Ангкор Ват. Travelfish ни даде информација за ситуацијата во Сием Рип:

Во најголем дел од градот, полавитете кои го покрија Сием Рип за 6 недели речиси се повлекоа, а водените улици се вратени во првобитната положба.

Поради полавата се откажа и Водениот фестивал, кој се одржува секој ноември. Вообичаено секоја година овој фестивал привлекува повеќе од милион провинциски посетители кои сакаат да го посетат градот. Лани, фестивалот заврши со голема трагедија, кога над 300 луѓе загинаа во стампедо на островот Ко Пиш. Годишнината од трагичниот настан случајно се совпадна со поплавата, поради што некои аналитичари стравуваат дека тоа би било олеснителна околност за владата да го заобиколи прашањето за превземање одговорност за кризата.

Постојано има напори за помош на локално ни национално ниво, вклучувајќи ја и меѓународната заедница со цел да се помогне на погодените жители на поплавените села. Некои од напорите се: Каритас, Грин Гецко иницијатива за помош на децата во поплавата и Јапонските алумни од Фондот за помош на поплавата во Камбоџа.

Чан Сованара исто така пишува за оваа катастрофа:

Човекот е силен, тој може да создаде модерна технологија, но неодамна тој беше нападнат од природна непогода. Некои земји покрај реката Меконг – Камбоџа, Тајланд и Кина – се на мета на природните поплави. Оваа година, Камбоџа стана жртва на поплава во која над сто луѓе го изгубија животот, а илјадници домови беа уништени.

Поплавата погоди 165,619 домаќинства и 231,044семејства, 1,053 училишта, 434 пагоди, 76 здравствени центри, 304,469 хектари оризови полиња и 10,535 хектари на други плодови.  Властите на Камбоџа работат во пронаоѓање на точната бројка на жртви, домаќинства и износи на штетата предизвикана од поплавата во 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.