Мексико се припрема за масивен национален протест кој ќе се одржи на 8 мај

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на војната со дроги во Мексико.

Следната недела, на 8 мај 2011 година, граѓаните од Мексико ќе маршираат за крај на „војната со дроги“ и отстранување на сите државни службеници одговорни за повеќе од 35.000 смртни случаи и порастот на несигурноста и корупцијата.

Мексиканскиот поет, Хавиер Сицилиа, кој стана водечки глас на незадоволството од методот со кој владата се справува против проблемот трговија со дрога, откако неговиот син Хуан Фанциско беше убиен, тој ги покани сите кои сакаат „мир и правда“, да се придружат на протестите следната недела.

Еве ја пораката на Хавиер Сицилиа на англиски:

Протестот ќе започне на 5 мај во Куернавака, град блиску до главниот град каде што беше убиен синот на Сицилиа и ќе се движи сè до државниот универзитет (УНАМ) во Мексико Сити. Нефтали Гранадосa (@NeftaliGranados) [шпански] на Твитер го објави патот кој треба да се следи.

Патот на протестот во Мексико е достапен на официјалниот веб-сајт Red Paz y Justicia [шпански] (мрежата за мир и правда). Страница на Фејсбук [шпански] исто така беше поставена со некои детали. Понатаму, има уште еден официјален блог посветен на детали на различните протести низ целата земја [шпански].

Весникот La Jornada целосно го поддржува протестот и често објавува рубрики за да се постигнат целите на протестите од 8 мај. Професор Џон М. Акермен, силен и почитуван глас од мексиканското граѓанско општество, пишува [шпански]:

Para que la marcha del domingo tenga un impacto real y un efecto detonador expansivo, los que participaremos en ella estamos obligados a utilizar todos los medios a nuestro alcance para dejar en claro que nuestro reclamo principal es hacia el total fracaso de la clase gobernante, y de Calderón en particular, para asegurar condiciones básicas de paz y seguridad.

За маршот во недела да има вистинско влијание и експанзивен детонирачки ефект, сите ние кои ќе учествуваме сме обврзани да ги искористиме сите средства кои ни стојат на располагање, за да биде јасно дека нашата основна жалба е во врска со целосниот неуспех на политичката класа и особено Калдерон да обезбеди услови за мир и безбедност.

Постер за протестите во Монтереи од @MariaMaria__

Подкомандантот Маркос му испрати писмо на Хавиер Сицилиа за да ја изрази својата солидарност и да го информира дека луѓето од Чиапас ќе се придружат на националниот протест.

Граѓаните од Халиско веќе ги објавија своите 6 барања [шпански] за следната недела, кои вклучуваат создавање на официјална база на податоци за жртвите од војната, запирање на изворот на практиката што ја имаат медиумите, при емитување на политички притвореници со претпоставка дека се виновни и едукација на децата за човекови права.

31 град во Мексико, во скоро сите држави, веќе се приклучија на протестите. Меѓународните градови, како Берлин, Лондон, Хамбург, Рио де Жанеиро, Њујорк, Монтреал и Барселона, исто така ќе учествуваат. Протестите што ќе се случат на 8 мај низ целиот свет можат да се следат на мапите на Гугл.

Во Парис учесниците ќе изградат споменик [шпански] и ќе делат флаери во кои ќе биде објаснета ситуацијата во Мексико. Исто така има и иницијатива наречена „писма за мир“, во кои учесниците треба да ги соберат имињата на жртвите од војната од базата на податоци и да испратат празно плико испишано со нивните имиња [шпански] до претседателот Фелипе Калдерон. Галерија од пликовите е достапна на Фликр.

Слика од acción.sobre.vacío на Фликр (Криејтив Комонс Наведи извор 3.0)

Оскар Мондрагон (@Omondra) ги повикува сите кои нема да можат да учествуваат во протестите да стават бело знаме на куќите или автомобилите и да носат бела облека за поддршка на националниот протест.

Можете да се придружите на овој масовен протест од вашиот град на 8 мај и да ги следите случувањата преку #marchanacional, #mayo8, #8mayo, #estamoshastalamadre, и #nomassangre, за ажурирање на движењето и да се надеваме дека ќе биде почеток на нешто добро.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.