Арапски свет: „2011 е година која ќе биде забележана во историјата“

Овој пост е дел од нашиот специјален извештај за смртта на Осама Бин Ладен.

Можеби е само мај, но многу нешта се случија во последните неколку месеци низ арапскиот свет. Откако вчера беше објавена веста за операцијата во која саудискиот терористички организатор, Осама Бин Ладен, беше убиен во Пакистан од страна на САД, остави одраз за годината во која се случи.

Египјанецот Ваел Гоним даде духовит одговор:

2011 е година која ќе биде забележана во историјата. Сè уште е само мај и сè ова се има случено! #Тунис #Египет #Либија #Јемен #Сирија и сега #ОБЛ

Ханан Јосеф, исто така од Египет, апелира:

Драга 2011, те молам забави! Одвај можеме да дишеме

Од Либија, Ибн Омар забележува:

со смртта на Бин Ладен… дали е ова годината на #Арапската пролет или на #злобната арапска есен?

И Ахмед Шихаб-Елдин додава:

Само како претчувство, но мислам дека кога ќе погледнам на назад 2011 ќе биде годината во која светот се сменил. #Обама #Бинладен #ОБЛ

Последно, но не помалку важно, Али Ал Саеед, од Бахраин забележува:

Настаните, во последните неколку месеци, ескалираат немилосрдно. Каде оди светот? На моменти се чувствува како да сме во виор.

Овој пост е дел од нашиот специјален извештај за смртта на Осама Бин Ладен.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.