Египетскиот блогер Шајун Бикалби – Нешто во моето срце – напиша за кампањата наречена „30 дена блогирање“. Оригиналната идеја е на Далиа Јунис и за тоа таа пишуваше тука [арапски]. Луѓето кои учествуваат во оваа кампања треба да пишуваат нов блог пост секој ден, цел месец. Слично е на „Проектот 365“, но овој пат е за блог постови, а не за фотографии.
Шајун Бикалби причините за отпочнување ваква кампања ги објави тука;
– زيادة شعور المدوّن والكاتب بالمسئولية تجاه قرائه الذين قد ينتظرون بالشهور لقراءة جديده ثم ييأسوا ويكفوا عن متابعة موقعه أو مدونته.
– إظهار موهبة الكاتب في قدرته على استنباط أفكار من حياته اليومية والكتابة عنها، وليس انتظار مجيء فكرة أو إلهام من العدم.
– تشجيع القراء على القراءة اليومية ولو كانت لتدوينة قصيرة.
– زيادة زوار ومتابعي المدونات الذين ستزداد ثقتهم في وجود جديد كل مرة
– Збогатување на блогерската одговорност кон нивните читатели кои чекаат за постовите со месеци и понекогаш се откажуваат и престануваат да ги следат блоговите.
– Да се натераат луѓето да го изострат својот талент и да излезат со нови идеи за кои ќе пишуваат, а не да чекаат идеите за блогирање да дојдат до нив.
– Да се охрабрат луѓето да читаат блог постови секој ден, дури и ако тие прочитаат само мали пасуси.
– Да се зголеми бројот на посетители и луѓе кои го следат блогот, кои ќе бидат сигурни дека ќе наидат на нови постови кога ќе ги посетуваат блоговите.
Правилата за иницијативата се следниве:
Претпоставувам ќе треба да почекаме колку блогери ќе се приклучат на кампањата. Исто така, некои се прашуваа дали ќе може да си започнат своја кампања „30 дена блогирање“ кога сакаат и да не се обврзуваат да ја започнат на први мај.
Како и да е, ние не знаеме дали предизвикот „30 дена блогирање“ е навистина египетска идеја, бидејќи како таква не е нова. Луѓето како Мери Бет Милс и Flights of Whimsy повикуваа на сличен предизвик многу порано пред Далиа Јунис.