- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Русија: Идеи за Евровизија

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Музика, Спорт, Уметност и култура, Хумор

Меган Кејс 2.0 пишува [1] за руската победа на Евровизија: „Мислам дека Русија треба да ја исполни целата сцена со познати личности – може да ја имаат Марија Шарапова како удира тениски топчиња во публиката, целиот Зенит (фудбалски тим од Санкт Петербург и победник на УЕФА купот) да трча околу сцената, Григори Перелман како испишува равенки на табла […], и познат играч на шах (но не Гари Каспаров бидејќи тој е политичар од опозицијата и не може да имаме нешто такво за време на патриотски настан) како игра на огромен шах. Можеби тогаш изведбата ќе биде доволно интересна за да се гласа за неа.“