- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Поранешниот претседател на Малави во домашен притвор

Категории: Супсахарска Африка, Малави, Владеење, Најважни вести, Политика, Човекови права

По скорешните извештаи [1] за наводните заговорници на државен удар, полицијата вчера го уапси поранешниот претседател на Малави – Бакили Мулузи, и го стави во домашен притвор. Новинарот од Лилонгве Брајт Сонани [2] сведочи за настаните на Меѓународниот аеродром Камузу во Лилонгве каде што беше уапсен Мулузи при пристигнувањето од Велика Британија.

По драматичното апсење на Меѓународниот аеродром во Камузу околу 14:45 часот, Претседавачот на УДФ триесетина минути подоцна беше одвлечкан до воен авион Дорние на вооружените сили на Малави со 16 седишта кој го однесе директно до Блантир.
Атупеле, синот на Мулузи потврди дека неговиот татко бил обвинет за предавство.

Сепак, Владата вчера одби да коментира веднаш за апсењето што предизвика тензија во градот Лилонгве додека траеја битките меѓу полицијата и поддржувачите на УДФ кои, разгневени од настаните, ги блокираа патиштата, а особено оние кои водат до КИА…..

„Наводно го уапсија поранешниот претседател поради обвинение за предавство. Немаат налог, го одбија неговото барање да го напушти аеродромот, сакаат да го однесат до непозната локација во војнички авион,“ изјави Атупеле, кој беше единствениот политичар од УДФ и најблискиот сојузник на Мулузи на кој му беше дозволен пристап до аеродромот по апсењето.

Полицијата веднаш по апсењето го разоружа поранешниот шеф на владината служба за обезбедување.

Мулузи беше уапсен [3] по осумте високи лица од опозицијата и службите за безбедност кои оттогаш беа пуштени со кауција.

Во меѓувреме, претседателот на Малави Бингу ва Мутарика е во Јапонија [4] на состанок со Африканските лидери.

Има различни реакции [5] на скорешните апсења. Додека сето ова се случува, еден Малависки блогер [6] спроведува анкета [7] за тоа како граѓаните на Малави гледаат на неодамнешните апсења.