Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Жителите на Никарагва во одбрана на законот против насилство врз жените

Во април, кампања насловена „Јас го поддржувам Законот 779“ беше лансирана на социјалните мрежи, со цел да бара почитување на законот за заштита на физичкиот, психичкиот и моралниот интегритет на жените. Кампањата се состоеше од пишување на поддржувачки фрази, фотографирање на фразата и поставување со тагот #yoapoyolaley779 (#ISupportLaw779).

Законот 779, или Основен закон против насилството кон жените, беше одобрен во Никарагва на 26 јануари 2012, а стапи на сила во јуни истата година.

Законот забранува медијација помеѓу жртвите и напаѓачите, независно од типот на агресија. Почнувајќи од март, овој аспект на законот ги испровоцира религиозните лидери и членови на Врховниот суд на правдата да промовираат реформи во законот, тврдејќи дека медијацијата може да постои во случаи каде казната е помала од 5 години.

Првите луѓе кои се собраа да протестираат за одбивање на наведената реформа, сметајќи ја за неуставна, беа членовите на Демократската Асоцијација на адвокати во Никарагва (Аданик), кои заедно ги повикаа членовите на унијата и граѓаните воопшто, да бараат Врховниот суд на правдата да ги реши жалбите против Законот 779.

Foto de @AnabellZavala en apoyo a la Ley 779

@AnabellZavala во поддршка на Законот 779 („Ќе биде противуставно доколку Законот 779 не постои #ISupportLaw779″)

Карлос Лукас на неговиот блог пишува за законот:

No es perfecta y ni siquiera revolucionaria y aunque llega algo tarde, tomando en cuenta el enorme daño físico, vidas, estado sicológico de las mujeres y sus familias, que había venido provocando su vacío, pero la puesta en marcha de la Ley 779 o Ley Integral contra la Violencia hacia las Mujeres de Nicaragua, comienza a sacudir- y más si se si aplica firmemente- nuestra forma de pensar y conceptos sobre familia, matrimonio, unión de pareja, hogar, felicidad, armonía familiar, amor, etc.

Tan es así, que sobre esta Ley 779, apenas dictada en el 2012, ya hay en Nicaragua, toda una reaccionaria conspiración contra algunos de esos avances en el tema de la violencia contra la mujer.

Не е совршен и нема ни да револуционеризира било што, и иако го донесоа малку задоцнето, земајќи го предвид големото физичко зло, животите, психичката состојба на жените и нивните семејства, што предизвика празнина, започнувањето на Законот 779 или Основниот закон против насилството врз жените во Никарагва, почнува да го разнишува – и доколку строго се применува – нашиот начин на размислување и концептот за семејство, брак, граѓанска унија, среќа, фамилијарна хармонија, љубов, итн.

Толку е значаен, што во однос на Законот 779, кој е донесен скоро во 2012, веќе постои реактивен заговор во Никарагва против некои од придобивките на полето на насилство против жените.

На почетокот на мај, бишопот Абелардо Мата даде изјава за медиумите споредувајќи го Законот 779 со антихрист, додавајќи дека овој нов закон ги разделува семејствата со тоа што не дозволува медијација помеѓу напаѓачот и жртвата. Изјавата на бишопот повторно предизвика реакција од јавноста на социјалните мрежи.

Феминистичката група Ла Кориенте создаде видео посветено на бишопот Мата, каде четири активистки од феминистичкото движење се прикажани како прават пародија на песната на Јури „Малдита примавера“:

Imagen de campaña protesta contra el Obispo Mata

„Пазете се! #BishopMata” Цртеж создаден од Родриго Родригез. Протестна кампања против бишопот Мата

Дополнително, активистите на социјалните мрежи ја почнаа кампањата „Пазете се #BishopMata!“. Родриго Родригез на неговиот блог го напиша следното:

¿Es la ley 779 REALMENTE tan grave para el sistema de justicia -pensemos por un momento que nuestro sistema de justicia es bien aplicado, sólo para ejemplificar esto- y el ejercicio de los derechos humanos en nuestro país, como para compararla con el significado del anticristo, entendido desde una visión cristiano-católica como un adversario decisivo del hijo de Dios (ese ser invisible, omnipresente, todopoderoso que controla y decide nuestro destino)?

En serio… ¿en realidad es tan grave?

Дали Законот 779 е НАВИСТИНА толку сериозен за правниот систем — да помислиме на момент дека нашиот правен систем е добро имплементиран, за да може да го поедноставиме ова — и почитувањето на човековите права во нашата земја, за да го споредувате со значењето на антихристот, во христијанско-католичката визија сфатен како олицетворение на одлучувачки противник на синот на Господ (тоа невидливо, секаде присутно, семоќно битие кое ја контролира и одлучува за нашата судбина)?

Навистина… дали е толку сериозно во реалноста?

Блогот 24 парчиња на лудило објави друго видео направено од групата Младите за Законот 779, каде ја пејат истата песна која Ла Кориенте му ја посвети на бишопот Мата:

Според документот „Зошто го бранам Законот 779“, се елаборира од страна на Католиците за правото на избор на движење:

En Nicaragua las cifras de Violencia Intrafamiliar y Sexual registradas en las Comisarías de la Mujer,han venido incrementándose anualmente de 31759 en 2009 a 34763 en 2010. El Instituto de Medicina Legal IML refleja en el 2012, la realización de 5371 peritajes, de las cuales 4726 fueron realizados a mujeres y 642 fueron realizados a hombres (en este último caso, los agresores son hombres incluidos los agentes estatales).

Во Никарагва, во полициските станици годишно се зголемуваат бројките на регистрирани домашни и сексуални насилства врз жените, од 31.759 во 2009 на 34.763 во 2010. Институтот за правна медицина, се осврнува на комплетирањето на 5371 извештаи во 2012, од кои 4726 дошле од жени и 642 од мажи (во последново, напаѓачите се мажи, вклучително државни агенти).

Понатаму, во документот стои дека „секоја година повеќе од 80 жени во Никарагва се убиени како резултат на екстремно насилство кое е извршено врз нив“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.