- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Шри Ланка: Полот, жените, компјутерските игри и градење мир

Категории: Јужна Азија, Шри Ланка, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Технологија

„ИКТ за Миротрворни активности“, има напис за градењето на мирот, контекстот во кој се гледаат жените во компјутерските игри и истакнува неколку студии во врска со ова [1]. „Сепак мислам дека повеќето студии што се направени на тема за ефектите на насилство прикажано во компјутерски игри ја поедноставуваат комплексната матрица на фактори и учесници кои го оформуваат нашиот пристап кон конфликт во реалниот живот. Тоа што жените сакаат игри во кои има помалку дигитално насилство, не ги прави автоматски подобри миротворци, тоа е смешен предлог исто како да се рече дека мажите, со оглед на нивната поголема склоност кон насилство, се полоши миротворци одошто жените.