Украина: Политичари на Фејсбук и Твитер

Со повеќе од милион Украинци коишто користат Фејсбук и над 80. 000 корисници на Твитер, сè повеќе и повеќе украински политичари избираат да им се придружат на овие сервиси. Тековно, има над 50 од нив на Фејсбук и над 20 политички партии и нивни индивидуални членови на Твитер.

Украинската интернет бизнис и маркетинг веб-локација на социјални медиуми Watcher.com.ua постави ранг-листа на популарност во реално време на корисничките сметки на политичарите на овие два сервиси.

Популарноста на украинските политичари на Фејсбук и Твитер

Според Watcher.com.ua, од 12 април 2011 година, најпопуларни страници на Фејсбук беа: страницата на лидерот на опозициската партија „Batkivshchyna“ (Татковина),  на шефот на партијата Јулија Тимошенко (лажна), со 5.421 „лајкови“; на членот на парламентот, Лезја Оробетс, со 2.229 „лајкови“ и на заменик шефот на  „Batkivshchyna“, Олександар Турчинов, со 1.602 „лајкови“.

A screenshot of Ukrainian politicians' popularity rankings on Facebook and Twitter, as of April 12, 2011

Слика од ранг-листите на популарноста на украинските политичари на Фејсбук и Твитер, од 12 април 2011 година

Корисничките сметки на Фејсбук со 5.000 пријатели им припаѓаат на членовите на парламентот, Микола Томенко и Олес Дониј, лидер на партијата на десното крило „Svoboda“ (Слобода), Олех Тјанибок имаше 4.995 пријатели, членот на парламентот, Лезја Оробетс – 4.789 пријатели.

Најпопуларните (потврдени) кориснички сметки на Твитер им припаѓаат на: Јулија Тимошенко- 12.832 обожаватели, лидерот и вице-премиерот на партијата „Sylna Ukraina“ (Силна Украина), Серхиј Тихипко- 4.294 обожаватели и Лезја Оробетс – 4.197 обожаватели.

Активност на политичарите на онлајн социјалните мрежи

На 4 април 2011 година, Максим Саваневски од Watcher.com.ua исто така објави и анализа на онлајн активноста на политичарите на Фејсбук и Твитер. Подолу има превод на главните заклучоци:

Главниот заклучок што е донесен за време на нашата анализа за активноста на украинските политичари на социјалните мрежи е дека ниту една политичка сила нема посебна стратегија за работење во оваа средина. Проблемите станаа очигледни веќе на техничко ниво. На пример, партијата „Za Ukrainu“ [За Украина] е присутна на Фејсбук со приватна сметка којашто може да биде избришана во секое време поради кршење на правилата на социјалната мрежа.

Претставниците на политичката партија „Sylna Ukraina“ [Силна Украина] избраа почудна стратегија. Тие формираа две страници и за партијата и за Серхиј Тихипко [лидер на партијата] на украински и руски јазик- вкупно 4 страници. Не можам да замислам како некој од нивните раководители може да се согласи да ја подели публиката врз основа на принципите на јазикот, но некои од нив мора да биле убедени успешно. Содржината е идентична на двата јазици.

Некои политичари на Фејсбук се однесуваат како редовни корисници и не се разликуваат од другите на некој забележителен начин- тие дискутираат за слики на нивните пријатели, споделуваат впечатоци за нешто што купиле, ретко спомнувајќи ја нивната политичка активност. Јас мислам дека дел од пријателите на Володимир Ариев и Олес Дониј не знаат дека тие се членови на парламентот.

Но, има некои разлики во нивното однесување. На пример, Дониј веќе има 5.000 пријатели, што е границата на Фејсбук. Тешко е да се замисли личност која има не 5.000, туку 500 вистински пријатели во животот. Па, очигледно е дека многу луѓе би сакале да се спријателат со член на парламентот, а тој секако да не ги одбива нивните барања.

Друг член, Андриј Шевченко, избра поинаков начин. Иако тој е првиот украински политичар што се приклучи на Фејсбук, тој има релативно мал број пријатели- само неколку стотици. Најверојатно тие неколку стотици се негови вистински пријатели.   Но, на Твитер, кадешто на корисниците не им треба потврда од тој што сакаат да го гледаат, Шевченко има околу 1.500 обожаватели и со овој број е 5-ти помеѓу украинските политичари [на Твитер].

За постигнување на границата од 5.000 пријатели, една од политичарите – пионери [на социјалните медиуми]- Лезја Оробетс, ја смени својата стратегија. Паралелно со корисничката сметка на Фејсбук, таа формира и Фејсбук страница. Целата нејзина активност сега е фокусирана на страницата, додека таа ја користи приватната сметка за да комуницира со нејзините вистински пријатели. Оробетс е многу успешна и на Твитер- таа има над 4.000 обожаватели и има шанса да го заземе второто место и да го остави Серхиј Тихипко зад себе.

Очекуваме бројот на кориснички сметки на политичари на Твитер да се зголеми во најбрзо време. Тоа е поврзано со едноставноста на сервисите како и со нивното целосно искористување од страна на Јулија Тимошенко [првиот украински политичар кој има „верифицирана корисничка сметка“ на Твитер]. Само за еден месец и половина таа собра 12.000 обожаватели, што е неочекувано добро, земајќи го во предвид вкупниот број на Украинци на Твитер, што изнесува 100.000 – 150.000 корисници.

Според друго истражување- во споредба со 2009 – 2010 година, активноста на лажни кориснички сметки на политичари на Фејсбук се намали. Меѓутоа, страницата на Јулија Тимошенко сè уште го држи првото место на ранг-листите на Фејсбук, иако таа нема никаква врска ниту со нејзината политичка партија „Batkivshchyna“, ниту со нејзиниот лидер.

Имајќи ја предвид потенцијалната трансформација на украинскиот изборен систем од пропорционален во заснован на мнозинство, многу политичари можеби сакаат да почнат да го сметаат интернетот денеска како важен инструмент за работење со нивните избирачи, а особено во изборните единици што се состојат од градови со 100.000 жители и повеќе.

Session in the Ukraine parliament, Kiev. Image by Sergei Svetlitsky, copyright Demotix (07/04/2011).

Седница во украинскиот парламент, Киев.Фотографија од Сергеј Светлитски, авторско право Демотикс (07/04/2011).

Социјалните медиуми, украинската влада и опозицијата

Иако онлајн активноста на украинските политичари продолжува да расте, бројот на тие што се лично присутни на социјалните мрежи останува релативно мал. Ова може да се објасн со фактот дека мнозинството политичари сè уште ја гледаат телевизијата како главен канал за комуникација со избирачите и контролата врз телевизијата- како клуч до политички успех. Меѓутоа, земајќи ја предвид влошената слобода на печатот во Украина, разбирливо е зошто повеќето политичари кои активно ги користат социјалните медиуми (види ги ранг-листите погоре) ја претставуваат опозицијата.

Што се однесува до Претседателот на Украина, според официјални извори, тој нема кориснички сметки на мрежите на социјалните медиуми, вклучувајќи го и Твитер. Лажна корисничка сметка на Твитер @PresidentUA што отсликува некои официјални соопштувања од официјалната претседателска веб-локација, во моментот има речиси 2.000 обожаватели, а друга, @Prezident_UA, има 715. Лажна корисничка сметка на Твитер што го претставува украинскиот премиер, Микола Азаров, (@PremierUkraine) има над 1.300 обожаватели.

Во 2009 година, претходниот украински претседател, Виктор Јушченко, постави корисничка сметка на Твитер- @President_UA, која по сè изгледа беше одржувана од страна на неговиот службен печат. Меѓутоа, многу корисници на интернет го критикуваа тоа, бидејќи било досадно и генерално покажувало многу низок степен на стручност со користење микро блогерска алатка.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.