Приспивни песнички од целиот свет: Проектот Ароро

lullaby by Wide© Raf.f

Приспивна песна од Wide© Raf.f

Уметничката Габриела Голдер од Аргентина си зеде за обврска да открие, сними и собере приспивни песнички од целиот свет и да пронајде поврзаност меѓу нив во проектот Ароро. Раководителот на Global Voices  Дејвид Сасаки напиша за проектот на веб-локацијата 80+1, каде тој ја интервјуираше Габриела со камера.

Дејвид Сасаки напиша:

Седнав заедно со Голдер во Ел Хипотамо во соседството Сан Телмо во Буенос Аирес за да научам повеќе за сето она што е откриено во 200 видеа кои веќе се снимени и како проектот ќе напредува во текот на следните два месеца, доведувајќи до истовремена изложба во Буенос Аирес и Линц. Нашиот разговор беше на шпански, но јас додадов англиски превод на видеото.

Инспириран од проектот за приспивни песнички, тој се сними самиот себеси како ја пее Swing Low, Sweet Chariot, песна која неговите родители му ја пееле при заспивање.

Се придружи и Џорџија Поплвел, нашиот генерален директор од Тринидад и Тобаго, со Бленкет Беј (Blanket Bay)

Лова Ракотомалала испеа приспивна песничка од Мадагаскар за една патка:

Со посебна благодарност до Оник Крикориан и Вероника Хохлова кои го дадоа овој предлог да ви го прикажеме овој проект за руска анимација кој ги илустрира приспивните песнички од целиот свет со илустрации кои ги објаснуваат текстовите на песните. Следна е приспивна приказна од Азербејџан за бебе кое сонува за својот живот и една украинска песничка каде зимата ги успива бебињата. Повеќе приспивни песнички од различни земји можат да се видат овде:

Следната е бразилска песна наменета да ги плаши бебињата за да заспијат, предложена од Паула Гоес: вол со црно лице, каде волот ќе ги зеде децата кои се исплашени од црното лице. На следново видео, млада девојка ја пее:

Друга приспивна песничка со застрашувачки текст и волшебна мелодија е приспивната песничка Шимабара, грубо преведена од Ханако Токита како:

„Јас сум премногу сиромашен и непривлечен и затоа нема да ме продадат… Те молам, обиди се да заспиеш или препродавачот ќе дојде и ќе те земе… Се прашувам каде се сега сите девојки и каде се продадени… Ороронбај, Ороронбај…“

Пред сè, голема благодарност до сите автори и уредници кои учествуваа во праќањето предлози и приспивни песнички од нивното детство, дури и ако не можевме да ги вклучиме во овој напис. Ве молам да почекате втор дел!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.