Гватемала: Според некои уметници, Пикасо не бил во право!

Пабло Пикасо, еден од најдобрите уметници на сите времиња, изјавил: „Компјутерите се бескорисни. Тие само можат да ти дадат одговори“. Меѓутоа, 40 години по таква изјава, гватемалските сликари ги користат компјутерите и интернетот и ги приредуваат галериите на иднината.

Повеќето од овие уметници живеат и сликаат во странство. Тие ги користат своите блогови како простор за да ги покажат своите дела и да останат во контакт со заедницата.

Себастиан Сарти е Гватемалец, но е роден во Костарика, каде неговиот татко Гватемалец бил прогонет и стапил во брак со неговата мајка која потекнува од Порторико. Тој детството го поминал во Никарагва,  живеел одредено време во Гватемала и сега е посветен на своите слики во Марсеј. Тој ги споделува своите дела на неговиот личен блог  (Хаосот во мојата глава) El Desorden de la Cabeza.

Le voleur d´animaux by Sebastian Sarti.

Le voleur d´animaux на Себастиан Сарти.

Сместен во Бруклин, Њујорк, Хуан Карлос од Хисториандо има многу таленти кои ги споделува со неговите читатели. Како сликар и активист, тој ги користи своите дела за изложби во галерии, но исто така и за демонстрации. Тој направи постер на Џон Ленон користејќи билети од метро, за да протестира против  високите цени на јавниот превоз во Њујорк. На овој линк може да видите некои од неговите изложби.

Artwork by Juan Carlos

Дело на Хуан Карлос

Елвира Мендес е талентирана сликарка која се наоѓа во Антигва, Гватемала и ги споделува нејзините дела со светот. Нејзиниот блог Пинктура (Слика) ја прикажува нејзината колекција на цртежи, притоа изразувајќи се себеси со различни форми, бои и текстура.

Collage by Elvira Méndez

Колаж на Елвира Мендес

Алехандро Мар е поет, изведувач, но и креативен сликар и неговите таленти се прикажани на  неговиот блог Arte Marré. Аспектите на поп културата се преработени и ретуширани и од тоа произлегуваат вакви резултати:

Walking around by Alejandro Marré

„Шетање“ на Алехандро Мар

Ерик Гонзалес е во Монмартр, местото за кое сонува секој сликар во светот. Тој твори интересни дела, изразувајќи ги во слики преку рециклиран материјал кој го прикажува контрастот на најкомплексните теми во Гватемала, од насилство врз жените до зголемениот број на телохранители и огнени оружја. Неговиот блог е мешавина од критики и слики на неговите цртежи.

Еве примерок:

"I am a Product" by Erick González

„Јас сум производ“ на Ерик Гонзалес

Во Гватемала постојат неколку галерии или јавни места за млади уметници за да ги прикажат нивните дела. Има и мали извори за покани на изложби и критичарите ретко го свртуваат нивното внимание врз малку познатите уметници. Поради таа причина, блоговите им нудат можност на младите уметници да ги прикажат нивните дела, да се искажат, да споделуваат и да останат во контакт со оние кои ги посетуваат нивните веб-локации за да ги погледнат нивните уметнички дела.

Сите слики се искористени со одобрување или под Криејтив Комонс лиценцата.


Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.