- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Карикатуристот Сноги дава доза хумор на многу сериозните политички прашања на Уганда

Категории: Супсахарска Африка, Уганда, Граѓански медиуми, Избори, Политика, Хумор
A compilation of some of Snoggie's work.

Компилација од делата на Сноги.

Неодамнешните избори во Уганда беа окарактеризирани со тензии, апсења и обвинувања за изборни местенки [1]. Не баш тема за смеење, но сè уште има простор за малку хумор. Прашајте го Сноги [2], еден од водечките политички карикатуристи од државата, кој редовно коментира по овие прашања за време на целата сезона на гласање.

Граѓаните на Уганда ги дадоа своите гласови во претседателските, парламентарните и локалните избори на 18 февруари 2016. Изборната комисија на Уганда два дена подоцна објави [3] дека сегашниот претседател Јовери Мусевени [4] победил со освоени 60.75% од гласовите. Главниот опозициски кандидат Киза Бесиџје, кој повеќе пати беше апсен како што се наближуваше денот на изборите, беше втор со 35.37%, и поранешниот премиер Амама Мбабази дојде на третото место со 1.75%.

Сноги ги споделува своите уметнички креации во весникот „Daily Monitor“ (Дневен Набљудувач) во Уганда како и на неговата фејсбук страница, Светот на Сноги за Уганда,  [2] која има близу 30.000 следбеници. Неговите карикатури нудат поглед врз политичката драма која се одвива во Уганда во моментов. Подолу се неколку од неговите дела споделени на неговата страница на Фејсбук.

snoggie 6

Цртеж на Сноги. Искористено со дозвола.

Личноста прикажана погоре во возачкото седиште е претседателот на Изборната комисија, Бадру Кигунду. Патниците на задните седишта се лидерите на опозицијата, Амма Мбабази од движењето „Go Forward“ (Одиме Напред) и Киза Бесиџје, чиј слоган беше „За промената која ја заслужуваме“. Претседателот Јовери Мусевени ја држи мапата.

snoggie 5

Цртеж на Сноги. Искористено со дозвола.

Претседателот Мусевени одби [5] да присуствува на првата претседателска дебата велејќи дека е зафатен. Сепак, тој присуствуваше на втората претседателска дебата. Мирунди беше прес секретарот на Мусевени цели 13 години.

snoggie 3

Цртеж на Сноги. Искористено со дозвола.

Погоре е Киза Бесиџје, главниот лидер на опозицијата, кој носи известување за иселување. Бесиџје привлече огромни толпи за време на кампањите. Многу луѓе очекуваа дека всушност Мусевени ќе доживее пораз сè додека не се објавија резултатите од гласањето.

snoggie 4

Цртеж на Сноги. Искористено со дозвола.

По изборите, големо беше присуството на полицијата и војската на улиците. За разлика од претходни избори, улиците беа празни и немаше изборни прослави [6].

snoggie 2

Цртеж на Сноги. Искористено со дозвола.

Афанде знаци полицаец на Свахили, и д-р Бадру Кигунду е претседателот на Изборната комисија. Човеков во притвор е Киза Бесиџје, кој беше апсен четири пати помеѓу 15-23 февруари. Нему му беше одреден куќен притвор [7] по објавувањето на резултатите.

Snoggie 1

Цртеж на Сноги. Искористено со дозвола.

Уганда е единствената држава во источна Африка без ограничувања на претседателските мандати. Технички, Мусевени може да се кандидира и на изборите во 2021.