Саудиска Арабија осуди корисник на твитер на 10 години затвор и 2000 камшици за апостасија

Blogging is bad for your back .. in Saudi Arabia. Image used as part of an Amnesty International campaign to draw attention to the plight of Saudi blogger Raif Badawi, sentenced to 10 years in prison and 1,000 lashes in Saudi Arabia in 2014 for setting up a "liberal" website

Блогирањето е лошо за вашиот грб .. во Саудиска Арабија. Фотографија искористена како дел од кампањата на „Амнести Интернешнл“ за привлекување на вниманието кон маките на блогерот од Саудиска Арабија, Раиф Бадави, осуден на 10 години затвор и 1000 камшици во 2014 за основање на „либерална“ веб страна

Саудиска Арабија осуди корисник на Твитер на 10 години затвор како дополнување на двете илјади удари со камшик за објавување на 600 твитови „кои шират атеизам“ на овој микро-блогерски сајт.

Според саудискиот дневен весник „Ал Ватан“ твитер корисникот, чие име не беше објавено, бил осуден од суд во Медина кој го прогласил за виновен за негирање на постоењето на Бог и светите списи, обвинувања кон свештениците дека лажат и исто така исмејување на Светиот Куран. Тој исто така бил казнет со парична казна од 20.000 ријали (5300 американски долари). Човекот бил упасен откако Единицата за спречување информациски криминали при Комисијата за промоција на вредности и спречување на пороци или религиозната полиција на Саудиска Арабија започнала да го мониторира неговиот твитер профил.

Весникот додава дека човекот, на возраст од 28 години, ги признал неговите атеистички верувања во судот и ги одбил сите обиди да се принуди на покајание, цитирајќи ги неговите права за слобода на изразување. Тој додал дека тој претходно бил муслиман, и дека сега ги отфрлил сите религии откако комуницирал на веб страници кои шират атеизам на Интернет.

Судот, додава весникот, ги докажал обвинувањата против човекот на база на неговите признанија и сведочењето на четворица сведоци кои рекле дека го пронашле твитер профилот на неговиот телефон, и било докажано дека сервисот кој оперирал од неговиот телефон бил на негово име.

Пресудата беше дочекана со тишина на Интернет, со тоа што многумина само ги споделија ги врските до вестите за истата без многу коментирање.

Абдулрахман, од Египет, ги предупреди твитер корисниците од Саудиска Арабија:

Ова е Саудиска Арабија. 28 годишен Саудиец беше осуден на 10 години затвор, 2000 камшици и 20.000 ријали парична казна за атеизам на Твитер.

Корисниците на социјални мрежи во Саудиска Арабија треба да бидат внимателни. Ве следат, обвинуваат и ви се закануваат. Еден обичен твит може да ги го загрози животот. Какво општество на неукост и назадување!

Според саудиски закон од 2001, „сè што се спротиставува на фундаменталните принципи на законодавството, или ја прекршува светоста на исламот и неговиот добронамерен шеријат, претставува повреда на јавниот морал” и е казниво со закон. Во 2014, конзервативното кралство, донесе драстични закони кои, според „Хјуман Рајтс Воч“, ги криминализираат „буквално сите дисидентни мисли или изразувања како тероризам“. Член 1 од законот ги опишува тероризмот како:

“Calling for atheist thought in any form, or calling into question the fundamentals of the Islamic religion on which this country is based.”

„Повикувањето на атеистичка мисла во која било форма, или ставањете под знак прашалник на фундаментите на исламската религија на која се базира оваа држава“.

Во мај 2014, кривичниот суд во Џеда го осуди блогерот Раиф Бадави на 10 години затворска казна и 1000 удари со камшик за „навредување на исламот“. Бадави беше осуден за развивање на „Либерали на Саудиска Арабија“, онлајн форум кој тој го започнал во 2008 за дебатирање на улогата на религијата во државата.

На тогаш 32 годишниот блогер му било наредено да плати казна од еден милион ријали (околу 266.600 американски долари). И покрај меѓународната кампања која повикуваше на негово ослободување, Бадава е сè уште во затвор. Во јануари 2015, тој беше камшикуван со 50 од закажаните 1000 камшици. Второто закажано камшикување на Бадави е одложено поради неговата влошена здравствена состојба.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.