- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Запознајте ја најголемата јапонска ѕвезда на Јутјуб

Категории: Источна Азија, Јапонија, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Младина, Уметност и култура, Хумор
Doctor Hajime on YouTube

はじめしゃちょー(hajime)е најпопуларниот Јутјуб корисник во Јапонија со 3,2 милиони претплатници.

Ограничен од културните и јазичните бариери од надворешниот свет, јапонскиот Јутјуб постои во еден сопствен свет. Популарните видеа се многу малку забележани било каде надвор од Јапонија.

За среќа, Хаџиме Шацо [1], јапонскиот најпопуларен Јутјуб корисник, додаде преводи на англиски јазик во неговите најгледани (и најшокантни) видеа.

Досега, со повеќе од 18 милиони прегледи, најпопуларното видео на Јутјуб на Хаџиме е „Бањање со Кока кола и со Ментос бонбони“. Тоа е совршен пример за екстремен експеримент кој го направи Јутјуб каналот на Хаџиме како мини-Mytbusters [2]:

Смешното – и информативно – видео „Како да направите лигава бања“  досега собра околу 11 милиони прегледи:

Во ова популарно видео со 7,2 милиони прегледи, Хаџиме почнува да ги јаде сите производи од менито во МекДоналдс.

Најпопуларните видеа на Хаџиме Шацо може да ги погледнете тука [3].