Како треба да постапи Сингапур во однос на кризата со беглаците од Рохинга?

Immigrants from Myanmar and Bangladesh arrive in Langsa, East Aceh in Indonesia. At least 678 immigrants arrived on boats in poor health. Photo by Dodi Kurniawan, Copyright @Demotix (5/16/2015)

Имигранти од Мјанмар и Бангладеш пристигнуваат во Лангса, Источен Ацех во Индонезија. Најмалку 678 имигранти пристигнаа со бродови во лоша здраствена состојба. Фотографија од  Dodi Kurniawan, Copyright@Demotix(5/16/2015)

 

Сингапур се држеше настрана од бегалската криза на населението Рохинга од Јужноисточна Азија, иако лидерите на соседните земји се состануваа со цел да најдат решение за овој проблем.

Рохинга се мала муслиманска група во Мјанмар, но владата таму не ги признава како граѓани. Бидејки се сметаат за нелегални имигранти, тие се сместени во неколку кампови за бегалци, а многу избегале во соседните земји во потрага по засолниште и работа. Месецов, неколку влади од Јужноисточна Азија не ги примија бродовите на бегалците Рохинга; одлуки кои предизвикаа меѓународно несогласување.

Со илјадници бегалци Рохинга заглавени на море, државите од Јужноисточна Азија со задоцнување превземаат мерки за проблемот. Малезија, Индонезија и Тајланд се собраа за да  разговараат за нивниот одговор на кризата и Малезија и Индонезија се согласија да обезбедат привремено засолниште.

Малезискиот премиер Нахиб Разак исто така нареди пребарување и испрати спасувачни екипи со цел да се лоцираат бродовите на мигрантите.

Наредив на @tldm_rasmi и APMM да спроведат истрага и спасување на бродовите со бегалците Рохинга. Мора да превенираме загуба на животи.

Сингапур, од друга страна, изјави дека нема намера да прима бегалци. „Како мала држава со ограничена територија, Сингапур не е во состојба да прима било какви луѓе кои бараат политички азил или статус на бегалец, без разлика на нивната етничка и територијална припадност“, – Министерството за внатрешни работи и кажа на јавноста.

Веќе подолго време ваква е сингапурската политика кон барачите на азил. Извештај од 1978 вели дека премиерот Ли Куан Ју одбил да ги прими виетнамските бегалци велејќи: „Мора да ти пораснат плускавци на срцето, инаку ќе искрвариш до смрт.“

Во 2012, на 40 бегалци Рохинга спасени на сред море им беше забранет влез во Сингапур.

Глендон Гиам од Сингапур ги прикажува крајностите до кои одел Сингапур во минатото за да им го блокира влезот на бегалците во државата:

Мало потсетување: во 1975 година, беше одобрена сингапурската „Операција бура“ за да се превенираат бегалците од Јужен Виетнам, со смртоносна сила.

Но, Карен Гви на Твитер изјави дека некои виетнамски бегалци во 1978 всушност биле примени:

Нема никаква причина Сингапур да не ги прифати бегалците – тоа го направивме и во 1978 година. http://t.co/2X8jea8Mgq

На тие бегалци им било обезбедено засолниште во релативно добро одржуван камп за бегалци, но под услов да преминат во друга држава во рок од 90 дена.

Други слики од овој период се споделуваат на Фејсбук од страна на поранешниот виетнамски бегалец Лам-Кан Нгјен.

Најновата криза ги натера луѓето од Сингапур да бараат од богатиот остров да обезбеди засолниште – па макар и привремено – за очајните бегалци.

На Фејсбук, Миак Сју ги оспорува паричните приоритети на Сингапур:

Луѓе – ме прашувате од каде би дошле парите ако ги вдомиме бегалците.
Јас ве прашувам вас – Од каде доаѓаат милионите долари потрошени на огномет за Националниот празник секоја година?

Ве задоволуваат милиони блескави светла на небото, а не ве задоволува спасување животи? Ова кажува многу за нашите приоритети.

Singaporean artist Joshua Chiang of Cerealbox Studios designed this poster in support of the Rohingya refugees.

Сингапурскиот сликар Joshua Chiang од Cerealbox Studios го дизајнираше овој постер како знак на подршка кон бегалците од Рохинга. Објавено со дозвола

Во меѓувреме, има Сингапурци кои го подржуваат пристапот на владата, плашејќи се дека примањето на бегалци ќе ги исцеди ресурсите на државата.

Веи Вен објаснува објаснува на Фејсбук зошто ја разбира одлуката на владата:

Поголемата поента е кон што води се ова? Како ќе се преселат со текот на времето? Дали тие навистина можат да се асимилираат и да се интегрираат во нашето општество? Дали ќе ги чуваме со децении, а можеби и повеќе? Колку време ќе помине додека ни пресуши великодушноста и додека сфатиме дека нема друга опција освен да продолжиме? Разгледајте ја реалноста во сите овие опции и кажете ми дека владата не треба да ги штити интересите на својот народ?

Во меѓувреме, политичкиот блогер Алекс Ау предложува земјите да ги испратат морнариците накај Мјанмар за да ги пресретнат шверцерите на луѓе и жртвите на трговија со луѓе.

Патролирање на околу 300-400 км по брегот е многу полесно  одколку потрага по шверцерските бродови по половина Андаманско Море. Собирањето на луѓето пред да станат гладни или жедни ја намалува потребата од скапа медицинска интервенција.

Поморските сили треба да ги пресретнат и проверат сите бродови кои излегуваат од водите на Бурма. Бегалците и жртви на трговија со луѓе најдени на бродовите треба да бидат превземени, а бродот запленет. Шверцерите и управувачите на бродовите, секако, треба да се притворат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.