- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Колумбиската анти-воена младинска група прославува 10 години постоење

Категории: Латинска Америка, Колумбија, Војни и конфликти, Дигитален активизам, Медиуми и новинарство, Младина, Музика, Уметност и култура

На 17 мај беше обележена десетгодишнината на Антимили соноро [1] [es], настан организиран од страна на Младинската Мрежа [2] како начин за да се рашири зборот за отпорот кон задолжителното служење воен рок во Колумбија преку музика. Датумот беше прославен со концерт и целиот месец беше исполнет со конференции, расправи и маршови за комеморација на десетгодишното движењето на младинската организација Непослушност и цивилен отпор. Ви ги прикажуваме поканите за настаните, промотивните клипови и кратко видео од еден настап на ска-бенд на концертот.

Младинската Мрежа го организираше нивниот анти-воен фестивал на интернационалниот ден, промовирајќи го „Свесен Отпор“, со цел да се укине задолжителното служење на воен рок [es] [3], со што објаснуваат дека индивидуалистите веруваат дека убивањето човечки суштества, дури и во војската, е погрешно. Има изјави од младите луѓе кои одбиваат да служат воен рок, како што може да видите од изјавата на Густаво Монро [es] [4], кој е регрутиран против негова волја и подоцна избегнуван од пријатели и роднини поради неговото одбивање да биде дел од војската. Анти-воената група ги објаснува своите цели и верувања во овој напис на англиски [5], кој може да се најде на нивната Мајспејс страница [6].

Прво, поканата за концертот оваа година [7], титлувана на англиски:

Вирална кампања на ЈуТјуб за промоција на настанот:

За крај, од концертот, видео со низок квалитет снимено од мобилен телефон од настапот на ска-бендот Рон Дајмон [8], кој ја изведува песната Соседот. Ако ви се допаѓа, може да го посетите претходниот линк и да го пронајдете линкот од реалната емисија на МТВ Латинска Америка и да гласате за нив!

Само кратко потсетување дека овие и сите други граѓански видеа прикажани на Глобал Војсис може да се погледнат на нашиот ЈуТјуб видео канал [9]. Не двоумете се да не контактирате, да ни испратите ваше видео или испратите имејл со линк до видеото и кратко објаснување зошто е важно да се прикаже на нашиот сајт. Ви благодариме!