Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Македонија: Користење на нови медиуми во изборната кампања

Авторите на македонскиот медиумски блог Komunikacii.net, го анализираа користењето на интернетот и новите медиуми за првпат од страна на политичките партии во нивните кампањи за предвремените парламентарни избори, закажани за 1 јуни, 2008.

Експертите за медиуми Сеад Џигал и Дарко Булдиоски извршија заедничка анализа за присуството на интернет на двете водечки партии, ВМРО-ДПМНЕ и опозициската партија, СДСМ:

Добро: Блогови, YouТube канали, MySpace, Facebook, Hi5 итн.
Добро: Видео, аудио, документи, коментари итн.
Многу, ако не и цел материјал кој го создаваат за кампањава може да се најде и онлајн. Редовно надополнувани (претпоставуваме, така ни изгледа, не дека ги проверуваме секој ден 🙂 и евидентно, многу штедење на пари. Скоро сите материјали се поставени на некој бесплатен онлајн сервис, што секако до одредена мера е паметен потег.

Internal Macedonian Revolutionary Organization – Democratic Party for Macedonian National Unity Social Democratic Union of Macedonia

Лошо: Ич, ама баш ич нема “social” во овие нивниве употреби на social media. Содржината на блоговите оригинално е наменета за на говорници, за документарци кои се пуштаат на ТВ со лого ППП, за традиционални медиуми, за аналитичари, новинари и за еден куп други места, само не се за на блог, per se. Долги постови, обраќање кон различна публика во секој пост, постови без ни малку лично искуство или личен коментар барем за тоа како си поминале на митинг, без она што блогот го пави блог: индвидуалното, личното. Видео клипови кои се направена за на ТВ а не за влогови, кампањи кои се оригинално за принт а не за вирално пренесување низ интернетот и фотографии како декор, а не како некоја транспарента/задкулисна информација која ќе фрли ново светло на своите кандидати.
Веројатно, како последица на тоа блоговите не се многу посетувани, нема многу коментари, и едноставно (се уште) не се дел од дискусијата.
Заклучок: […] Одлично е што брзо се прифатија голем број нови сервиси и канали преку коишто може да се искомуницира предизборната пропаганда, но сепак ефектот од нив веројaтно ќе биде премал, а како една од можните причини е нивната единствена употреба како веб скалдишта или магацини за купиштата материјали кои и онака (како и во сите други кампањи досега) неуморно ги правеа.

Како коментар на истиот пост, истакнатиот локален блогер Рибаро, напиша:

Кога се работи за блоговите на партиите кои испонарипаа предизборно, најинтересно ми е што кога ќе им ставите коментар, одговара некој сосема некомпетентен идиот кој стои како администратор. Баш заприметив еден таков коментар (кој патем беше сосема коректен и прашуваше нешто) а од другата страна „домаќинот“ му реплицира со коментар: А кој прашува? Дно! Сè додека се омаловажува моќта на блогот и блогосферата нивните блогови ќе останат минорно посетени и едино од нивните партиски војници за хвалоспевки. Истото беше и на минатите парламентарни избори истото е и сега.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.