Многумина во светот на 11 мај се собираат со своите фамилии за да го прослават Денот на мајката. По тој повод, Силвана Авиља од Мексико, реши на домороден јазик, со потекло од државата Оксака да им го честита денот. На својот блог на Тумблр, таа напиша „Во мојата земја живеат различни народи и има повеќе култури. Шпанскиот не е единствен јазик“.
Таа изработила неколку честитки, со мотиви од песна на михеански, напишана од Палемон Варгас. Честитките можат да се најдат на нејзиниот блог.
Превод: Иако сум далеку, никогаш нема да те заборавам, мајко.