Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

ЈуТјуб стартува канал за граѓанско новинарство

Прикажувањето на видеата од граѓаните новинари само што стана уште полесно: сајтот на поставување видеа ЈуТјуб отвори нов канал ексклузивно за граѓански видеа, наречен ГраѓанскиВести. Видео блогерите, кои се специјалисти за известување на настаните од нивното место на живеење, сега може да се приклучат на каналот и да му покажат на светот што се случува.

Следува поканата од ЈуТјуб и презентација од Оливија, која ќе биде одговорна за каналот ГраѓанскиВести:

Едно од нивните значајни видеа е продуцирано и снимено од Мијонг Г. Куон од јужен Судан, кој известува за условите во бегалските кампови, каде може да стане многу топло или да има поплава доколку има поројни дождови:

Со ова ја искористувам можноста да ви соопштам дека Глобал Војсис веќе има свој ЈуТјуб канал, каде сите видеа кои се објавени во написите се обележани како омилени и многу од продуцентите се имаат претплатени на нив, а има и неколку видеа кои не се најдоа во написите, но сепак се доста добри и интересни.

Доколку имате некое видео за кое би сакале да биде пишувано во делот за видео блогирање, испратете имејл на Џулијана Ринкон Пара (достапен преку нејзината страница) или напишете го во форма на коментар, со кратко објаснување за што вие мислите дека е важно да се прикаже од видеото.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.