- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Арапски свет: На револуции и капитализам

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Животна средина, Меѓународни односи, Политика, Протест, Хумор
Screen shot of @_Capitalism_ Twitter page

Слика од екранот на @_Capitalism_ Твитер

Со денови, моите твитови беа повторно твитани од Твитер профилот  @_Capitalism_ [1]. Тука, ќе изберам неколку реакции на тековните арапски револуции.

На 6 април, Капитализам призна [2]:

Јас сум капитализам и вашите интелектуалци се добро платени, добро наградени, добро дотерани до точка што на револуцијата и се гади.

На 9 април, признава [3]:

Јас сум капитализам и арапските револуции се опасни бидејќи тие ја менуваат општата перцепција дека гладните луѓе можат реторички да се нахранат.

На 13 април, Капитализам твитна [4]:

Арапските револуции се опасни бидејќи тие успешно го споија населението и технологијата во некапиталистичко тело.

Следниот ден, додаде [5]:

Јас сум капитализам и арапските револуции се опасни бидејќи докажуваат дека во животот има повеќе од само капиталната акумулација.

На 21 април, објасни [6]:

Арапските револуции се опасни бидејќи тие покажаа дека нема нешто како неразвиена земја кога станува збор за револуција.

и продолжи [7]:

Јас сум капитализам и последните 40 години ги поминав етикетирајќи ги арапите како фанатици со цел да ја добијам нивната нафта поефтино.

и се исповеда [8]:

Јас сум капитализам и ве молам морате да разберете дека мораме нашите диктатори на ефтина енергија на блискиот исток да ги држиме на власт!

Истиот ден, Капитализам покажа некое каење [9]:

Јас сум капитализам и се извинувам што им дадов на Мубарак и неговите другари неколку милијарди долари за тие да можат да ги измачуваат нивните граѓани

и додава [10]:

Јас сум капитализам и арапските револуции докажуваат дека земјите со граници и армии и владетели се застарен, глупав концепт.

и не потсети [11]:

Јас сум капитализам и јас правам солзавец кои тие го употребуваат на демонстрантите, бидејќи сакам да гледам како протестантите плачат! Сега вратете се на работа.

На 22 април, се врати на работа со нова исповед [12]:

Склучив договор со секој диктатор  на Блискиот Исток, тие ми гарантираат ефтина нафта, а јас им гарантирам доживотна тортура на народот

проследен [13] со:

Јас сум капитализам и секако можете да го имате вашиот Египет, но морате да ги оставите тие базени со нафта во заливот за мене и само мене!

Денес, Капитализам ја признава реалноста [14] велејќи:

Арапските револуции се опасни бидејќи ги присилуваат капиталистите насекаде во светот да мислат помалку на пари а повеќе преживување.

За повеќе дози на скриени мисли на капитализмот, проверете го Твитер профилот наведен погоре.