Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Тунис: Црн ден за блогерите

Туниските блогери протестираа против цензурата преку поставување ваков екран на нивните блогови

Туниската блогосфера е сведок на црн ден на 27 април, четврток 2010 година. Всушност, интернет полицијата започна војна против блогерите, во која повеќе од 11 блогови беа цензурирани. Тоа беше произволна цензура која дури ги нападна и блоговите кои се неактивни веќе со месеци. Листата на блогови кои беа цензурирани:

Amcha fi bled Al Imyan (арапски)
Trap Boy (арапски)
AntiKor (француски)
Arabista (француски)
Ya Tounes (арапски)
Abidklifi
OuNormal (арапски)
Carpe Diem (француски)
Bent 3ayla (арапски)
Artartticuler
Stupeur (француски)

Следниот ден, уште неколку блогови беа цензурирани:
Le blog de Houssein
Le blog de Lina Benmhenni (блогот на Лина Бен Мхени, авторот на текстот)
Le blog de Achour Enneji
Le blog de Boudourou
Le blog de Metallic Naddou

Но неопходно е да се напомене дека за повеќе од две недели, интернет полицијата блокираше различни видови на веб-сајтови, вклучувајќи ги и веб-сајтовите за вести како: le Nouvel Observateur и Rue89 и видео платформи како: www.wat.tv and www.metacafe.com/.

Некои Фејсбук профили беа блокирани исто така, вклучувајќи го и профилот на Лина Бен Мхени (авторот на текстот). Глобал Војсис Онлајн беше целосно блокиран три дена по делумното блокирање веќе со месеци.

Туниските онлајн корисници, особено блогерите, го одбија ова произволно цензурирање и креираа видеа, слики и блогираа против оваа цензура.

Kissa Online напиша:

La censure du Net par le blocage des blogs et des sites est une atteinte grave au droit des gens à un libre exercice du droit d’expression. La Censure ,pour la enieme fois, a encore frappé et bloqué en Tunisie les blogs .

Цензурата преку блокирање на блогови и веб-сајтови е сериозно прекршување на правото на луѓето за слободно применување на слободното изразување. Цензурата повторно ги удри и блокираше блоговите во Тунис.

Под насловот Интелектуален Геноцид, Free Thoughts напиша:

البارح في الليل , و بعد غياب وقتي بسبب الفروض , قلت نعمل طلة عل فايسبوك و جو البلوغسفار ..
ياخي مع الأسف تصدمت , نلقا لي عمار عاث فيها فسادا لا خلى لا أخضر لا يابس .. الحجب ولى لعبة قذرة تواجهنا كل يوم , اضافة الى انو مجهول الاسباب
وليت نحس لي احنا عايشين في القرن ال14 منين الكنيسة كانت تحرق في الكتب
Мината ноќ, по долго отсуство, во времето потребно за повторување за моите испити, си реков себеси ајде да погледнам што се случува на мојот Фејсбук и на туниската блогсфера.
За жал бев шокиран. Дознав дека Амар (прекар даден од страна на туниската онлајн заедница за цензурата) уништи се, без исклучок. Цензурата стана валкана игра со која се соочуваме секој ден. Покрај тоа цензурата нема јасни причини. Се чувствувам како да живееме во 14 век, кога црквите гореле книги.

Во меѓувреме, туниските блогери протестираат против цензурата поставувајќи екрани на нивните блогови осудувајќи ги блокадите. Фотографијата погоре е кадар на екранот од еден од блокираните блогови.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.