- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Таџикистан: Моќта на озборувањето

Категории: Централна Азија и Кавказ, Таџикистан, Економија и бизнис, Политика

Неодамна, узбекистанскиот веб сајт УзМетроном рашири информација за можно убиство на Хасан Садулоев, зет на таџикистанскиот претседател Рахмон. Хасан се смета за еден од најбогатите и најмоќните луѓе во денешен Таџикистан. Според веб сајтот, Хасан бил застрелан од неговиот внук на 2 мај и починал во болница во Германија на 8 мај. Информацијата беше објавена и од многу други угледни агенции за информирање, а подоцна и од блогерите. Последниве две недели ова беше една од главните теми за дискусија во таџикистанското општество. Меѓутоа, сѐ уште е на ниво на озборување и никој нема веродостојна информација со што би ја потврдил или негирал веста.

Сите се заинтересирани да добијат информација за оваа приказна. Тојвар вели [1] дека Хасан е најпопуларниот човек во Таџикистан [tj]:

Секој ден илјадници луѓе бараат новости за него и го дискутираат неговото можно убиство. Неколку медиуми имаат готови написи со спротивни мислења и различни сценарија, броејќи ги деновите кога озборувањата ќе искочат точни или лаги.

Иан на Преку реката ја поврзува [2] приказната за Хасан со неговиот бизнис, со најпрофитабилниот дел од него Талко [3], топилницата за алуминиум:

RFE/RL цитира неколку лојални вработени кои велат дека го виделе „пред само половина час“ и дека „фала му на Господ, тој е во добра состојба“. Меѓутоа, не постои јавен знак од него и тој не го придружуваше Рахмон во Казахстан, а не присуствуваше ни на парадата за Денот на Победа за првпат оваа година.

Во друг пост Иан продолжува да ја следи [4] оваа приказна со преведување извадоци од постот на таџикистански јазик од Андеша и се обидува да покаже каков разговор може да се случи на кујнските маси насекаде низ Таџикистан:

Не верувам во овие приказни, но имам неколку прашања. Зошто Рахмон за првпат во историјата на нашата независна држава не присуствуваше на прославата за 9 мај. Зошто Хасан Садулоев не патуваше во Казахстан со Рахмон? Зошто државата не се обидува да ги негира озборувањата со покажување на здравото тело на Дадулоев на луѓето?

Срасов, новинар од Казахстан известува [5] [ru] на неговиот блог дека вестите за можното убиство на Гасан може да се „лажни“ за да ја дискредитираат посетата на Рахмон на Казахстан.

Бев уверен во амбасадата на Таџикистан [во Казахстан] дека информацијата е неточна, раширена на интернет од страна на „непријателите на претседателот“ со цел да ја нарушат неговата репутација. Нема никаква врска со реалноста, ми рекоа.

Исто така, њуеурасиа вели [6] дека најверојатно е “лага“ со цел да се дестабилизира политичката состојба во државата. Авторот нема вистински докази, но се потпира на разговори што тој ги имал со неговите пријатели и колеги.

Се надевам дека Хасан е жив, бидејќи смртта на таков човек не останува без последици. Мислам дека оваа информација беше раширена против информацијата за Талко и легалните исплати за судењето, со цел да се дестабилизира политичката ситуација во државата. Бидејќи Хасан е еден од главните актери во овој процес, приказната за неговата смрт ќе биде одличен акцелератор на политичката дестабилизација.

Ако искочи дека озборувањето е неточно, тогаш тоа ќе биде “најдобра лага на годината“, изведена од сите медиуми во Таџикистан.