Молдавија, Турција: Авантура на Наталија Морар на инстанбулскиот аеродром

Минатиот декември, на новинарката Наталија Морар и беше забранет влез во Русија и беше депортирана во нејзината земја Молдавија, откако руски неделен магазин објави серија нејзини написи за илегалното одлевање на големи суми пари надвор од Русија од страна на највисоките функционери од земјата.

На почетокот на овој месец, Морар (корисничко име natmorar на ЛајвЏурнал) имаше бизарно искуство на инстанбулскиот интернационален аеродром Ататурк, кое го опиша (RUS) на нејзиниот блог:

„Тебе ти е забранет влез во земјава, сега ќе бидеш депортирана во Молдавија“,на лош англиски ми објасни службеник од граничната контрола на аеродромот Ататурк во Истанбул, подавајќи ги моите документи на веднаш повиканиот полицаец. Почнав да верувам дека ова е мојата судбина: аеродром, депортација.

Ме однесоа во полициската станица и ме држеа таму околу 40 минути. Искочи дека тие имале 24 годишна Наталија Морар во нивната база на податоци, проститутка која претходно била депортирана во Молдавија. Ми требаше многу време да им објаснам дека јас не сум таа. Мојата новинарска идентификација и сите други документи ги направија уште повеќе сомничави. Тие мора да мислеле: „Колку паметна проститутка, се заштитила со документи.“

Се искочи добро кога полицајците одлучија да ни ги споредат броевите на личните карти. Ме пуштија […], прашувајќи ме наместо збогум: „Момче од Турција, да?“ […]

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.