Филипини: Подигнување на свеста за гладот преку раскажување прикази

Фотографија од г. Крис

глад

Пред неколку години, еден краток филм ја освои публиката на 56тиот Берлински интернационален филмски фестивал и до денешен ден сѐ уште се шири по интернет, подигнувајќи ја свеста за сиромаштијата и гладот. Чикен ала Карте (Chicken Ala Carte) од Фердинанд Димадура е едно од видеата кои ќе ви ги прикажеме и тие се однесуваат на состојбата со гладот во минато, иднината и сегашноста.

Следново видео е достапно на Culture Unplugged, веб-сајт кој промовира документарни видеа, кратки филмови и филмови направени со мобилен, а и ги наградува најпопуларните со парични награди. Чикен а ла Карте (Chicken A la Carte) е 6 минутно видео и неговата визуелна природа ги надминува јазичните бариери:

Многумина како деца ги имаат слушнато своите мајки како им велат да ја изедат храната од чинијата, бидејќи има многу деца кои гладуваат во други краеви на светот: вистината е дека децата кои гладуваат може да живеат многу блиску до вас.

Следново видео од CarolinaMed предупредува за неправдата со фрлањето на храна и вклучува бројки за колку храна се фрла од една развиена земја и колку луѓе би можеле да имаат корист од истата.

Од Сингапур, azahahasupernova го поставува прашањето: Која е твојата причина за фрлање на храна и дава еколошки причини зошто е тоа штетно за животната околина.

Во Филипините, гладот не е од неодамна: постојат митови базирани на потребите да се најде храна за да се одбегне гладот: како што е во случајот на следниов краток, анимиран филм, создаден во акварел. Аниматорот tokomokolika ни кажува нешто повеќе за тоа:

Бонток приказна за дрво кое порано постоеше блиску езерото Данум, блиску Сагада. Ова е митолошка приказна за жена, наречена Маенг, и нејзината борба да ја спаси својата фамилијата од глад.

Тоа е адаптирана приказна од колекцијата на Дамиана Еугенио за филипински митологии. Во книгата, главниот лик е без име и името на селото од кое таа доаѓа е Маенг.

Фотографијата користена за почетната страница е Дајте ни го ова… од г. Крис

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.