Иран: Кој краде бронзени статуи?

Се чини дека Иран е земја на изненадувања и дека на нив им нема крај. Интернационалните и иранските медиуми објавија дека религиозни мотиви стојат зад неодамнешната кражба на 11 бронзени статуи од ирански национални херои.

Меѓу статуите се наоѓаат статуата на Мохамад Моин, истакнат книжевен учител (фото, десно, од веб сајтот за вести на Мехр) и статуата на Сатар Кан, клучна фигура во иранската уставна револуција (фото, лево, од веб сајтот за вести на Мехр), кои биле украдени од јавните паркови во главниот град.

Mokhtasatehonar, со иронија вели [фарси] дека:

Крадењето на статуи во толкав број станува вообичаена работа и луѓето се навикнуваат на тоа… Градоначалниците, наместо да ги запрат овие грабежи, им објаснуваат на медиумите и на новинарите дека станува збор за група од крадци со високи способности и планирање… како Иранците да не разбираат дека крадењето на статуа тешка 400 килограми на дневна светлина, не е дело на обични крадци…

Друг блогер, Ebhamlink, има објавено фотографии од статуи кои се уште не се украдени.

Noghrei Nevesht напиша [фарси]

Најверојатно овие статуи не се украдени, туку некој верски лидер наредил тие да се соберат од јавните места. Доколку тоа сакале да го направат на транспарентен начин, луѓето најверојатно ќе протестираа и ќе имаше немири. Сега тоа е направено во форма на грабеж.

Блогерите се прашуваат дали тие се украдени или пак “исчезнале“. Како и да е, тоа е тажна приказна.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.