- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Судан: Сами ал-Хаџ ослободен, Картум нападнат

Категории: Популарен напис, Супсахарска Африка, Судан, Владеење, Војни и конфликти, Политика, Човекови права

Овој пост ги истакнува двата најозборувани скорашни настани во суданската блогосфера.

Да започнеме со суданскиот новинар од Ал-Џазира, Сами ал-Хац кој беше ослободен од Гвантанамо Беј, каде беше држен шест години без судење.

Еман беше очигледно среќен [1]:

Дали го чувствуваш она што јас го чувствувам?
Дали си среќен колку мене?

Дрима го кажа следново [2] за ситуацијата:

Јас имам многу едноставен став за ситуацијава. Дозволете му на човекот фер судење и ако е виновен, затворете го колку што е можно подолго. Ако тој е невин, ослободете го најбрзо што може. Тоа е. Точка. Дали е тоа големо барање?

Амџад напиша пост за ослободувањето на Сами [3], но потоа го избриша поради нејасна причина, наведена тука:

Јас сакам само да истакнам дека постот со интервјуто со Сами ал-Хаџ, кој го поставив пред два дена, е избришан. Постот зазема друг правец од оној за кој беше постиран и затоа решив дека ќе биде најдобро да го избришам за да го избегнам тој пат.

Ние веруваме дека Сами ал-Хаџ беше ослободен на хуманитарна основа и сите треба да се надеваме дека целиот свет живее во мир без разлика на раса, религија или политика.

Ви благодарам. 🙂

Дана, исто како Еман, беше среќна [4] откако ги слушна вестите за ослободувањето:

Сами ал-Хаџ е слободен… по 6 години во Гвантанамо Беј
Не сум била вака среќна некое време.

Сега, да се префрлиме на веста за нападот на Картум, главниот град на Судан. Дрима објави пост со темелно опфаќање [5] на ситуацијата:

Бунтовничката група Движење за правда и еднаквост од Дарфур изврши напад врз Картум [6] пред помалку од два дена, но беше сопрена во периферијата на градот од суданските воени сили

Тоа беше голема битка, која вклучуваше хеликоптери и значителни воздушни бомбардирања.

… Имаше многу измешани и вжештени мислења од Суданците за овој смел потег со тоа што некои (најчесто јужните Суданци [7] и неколку луѓе од Дарфур) силно го поддржуваа, а други беа против него.

Јас строго го осудувам нападот. Соединетите Држави [8] и ОН [9] го осудија исто така. Мило ми е што тие јасно кажаа дека нема да прифатат вакво однесување. Ги нарушува сите напори за спроведување на Севкупниот договор за мир и наоѓање политичко решение за Дарфур.

Андри Хевенс, независен писател од Картум направи листа [10] со можните причини за нападот:

1. Крвав ПР реши да го промовира Движењето за правда и еднаквост (ДПЕ) во медиумите
2. Одмазда – да ги пренесе страдањата на Дарфур во Картум
3. Понижување на Картум и изнесување на дупките во одбранбениот систем.
4. Одмазда од Чад за двата непријателски напади на Картум врз Н’Џамена
5. Потег на луд, желен за власт воен лидер
6. Потег за да се излезе од ќор-сокакот на мировниот процес во Дарфур, така наречен Операција Лонгарм [11]
7. Одвлекување на вниманието додека ДПЕ се подготвува за офанзива на Ел Генена
8. Вистински напад [12]
9. Прва фаза од напад за тестирање на поддршката меѓу војската и опозицијата
10. За да креираат хаос во главниот град, кој ќе води до рушење на државата.

Кизи побара владата да се повлече! [13]

Бунтовниците се во главниот град. Да, невини цивили ќе умрат, а уништувањето на главниот град никако нема да помогне во справувањето со кризите во Дарфур, но ќе се случеше… порано или подоцна.

Што да правиме?

Сега ни треба привремена влада, Башир мора да се повлече!

Предади ја власта на привремената влада за наредната година, па се до изборите во 2009.

Ако владата не го сфати ова сериозно и не го примени договорот за мир со Дарфур, целата земја ќе пропадне.

Ако засегнатата интернационална заедница се грижи за Судан, тогаш треба да изврши притисокот врз владата за нејзино повлекување.

Таа исто така ги објави овие слики [14] од последиците од нападот:

Слики од нападот врз Картум [15]

Слики од нападот врз Картум [16]

Слики од нападот врз Картум [17]

Слики од нападот врз Картум [18]

Во меѓувреме, ЏонАкес објави долг пост [19] за мирот во Јужен Судан.