Иран: Блогер пишува книга за влијанието на интернетот

Киру Фаривар блогер кој пишува книга за влијанието на интернетотКирус Фаривар е блогер, новинар и писател кој живее во САД. Тој моментално работи на книга за влијанието на интернетот врз општеството. Кирус пишува за влијанието на интернетот во Иран, Сенегал, Јужна Кореја и Естонија. Неодамна тој беше во Иран и направи неколку фотографии од иранските килими, храна, згради и природа.

Прашање (П): Неодамна го посети Иран после многу години. Дали беше културен шок за тебе? Дали постоеше разлика помеѓу тоа што ти го замислуваше и она што го дозна за Иран во реалноста?

Одговор (О): Иран воопшто не беше културен шок. Културно, беше приближно на она што го очекував. Сепак, јас пораснав во половина иранска фамилија во Калифорнија. Иранците се многу гостопримливи луѓе и секогаш сакаат да им помагаат и да ги пречекуваат членовите од фамилиите како мене, кои никогаш го немаат посетено Иран.

П: Ти пишуваш книга за интернетот и неговото влијание врз општеството. Една четвртина од книгата е за Иран. Дали ќе може да го објасниш овој проект?

О: Јас пишувам книга за историјата и ефектите на интернетот во четири држави од светот, меѓу кои Естонија, Иран, Сенегал и Јужна Кореја. Книгата ја проучува меѓусебната врска на политичката и економската историја на овие земји со доаѓањето на интернетот. Таа ќе биде објавена од Рутгерс Јуниверсити Прес (САД) во есен/зима 2009.

П: Зошто ги избравте овие четири земји за вашата книга?

О: Ги избрав овие земји бидејќи секоја од нив претставува многу различно искуство кога станува збор за интернетот.

Сенегал, бидејќи е земја од Суб-Сахарна Африка, и сепак во однос на многу други земји од регионот е политички и економски стабилна. Би требало да биде создадена за големо пробивање на интернетот, но сепак тоа не е случајот.

Естонија, поради брзите промени што ги направи од кога се оддели од Советскиот Сојуз во 1991. Таа се изгради во земја која одвај имаше комуникација со надворешниот свет во 1991 до земја која има повеќе мобилни телефони отколку жители.

Јужна Кореја, бидејќи има најголем број на интернет корисници во светот и ја има најголемата и најевтината ширина на опсег (bandwidth) во светот. Како се случи ова?

Иран, поради лични причини, но и бидејќи е интересно да се следи како интернетот, разорна технологија, се вклопува со теократијата и демократските мислители во раниот 21 век.

П: Дали најде некои заеднички особини за овие земји?

О: Најдов заеднички елементи во тоа дека интернетот до сега има динамички ефекти врз современата историја на секоја земја. Дури и во земја како Сенегал, интернетот е доволно евтин до точка кога дури и најсиромашните деца од Дакар со спојување на пари од три, четири деца може да си дозволат да поделат пристап на машина во интернет кафе, редовно секој ден на еден час. Секоја од овие земји би изгледала различно без зголемувањето на бројот на интернет корисници.

П: Дали мислиш дека блоговите имаат вистинско влијание на иранските медиуми и општество?

О: Мислам дека блоговите имаат влијание врз Иран, но се прашувам колку може да влијаат сега кога многу блогови се филтрирани и опсегот е многу забавен. Секако, многу Ирачани знаат како да користат прокси и други алатки за да ги избегнат блокадите, но сепак останува фактот дека многу млади ирански мислители и писатели мораа да заминат од 2001, со што се прашувам кои се победниците и губитниците во овој случај. Одговорот не е очигледен.

П: Дали запозна некои блогери во Иран? Кои се предизвиците за кибер активистите?

О: Не запознав блогери во Иран, но го запознав Шахрам Шариф од ITIran.com и Сина Табеш од персиската Википедија. Имам зборувано со многу блогери преку телефон и месинџер претходно, но за жал се немам сретнато со ниеден од нив. Многу е тешко за кибер активистите, дури и за оние кои живеат надвор од Иран, да зборуваат против власта и да се чувствуваат безбедно.

П: Какво беше твоето лично искуство во сурфањето и користењето на интернетот во Иран? Бавно, филтрирано…?

О: Бев сместен кај мојата баба, која иако живее во северен Техран немаше интернет пристап во својот апартман. За време на мојот престој од две недели само еднаш го користев интернетот од интернет кафе во хотелот Аеман во Есфахан. Можев да направај скајп повик до САД без проблем. Со ова кажано, јас имав МНОГУ ограничен пристап до интернет на мојот iPhone – чудно, единствената страница која можев да ја пристапам без никакво ограничување беше на Њујорк Тајмс.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.