Уругвај: Почина авторот Марио Бенедети

На 17-ти мај, на 88-годишна возраст, почина уругвајскиот писател и поет Марио Бенедети. Има напишано над 80 новели, многу поеми, есеи и кратки приказни кои се преведени на приближно околу 20 јазици. Бенедети е особено важен за уругвајското општество, особено поради неговата историја како прогоненик и поради неговата отворена критика за време на воената диктатура од 1970-тите години до 1980-тите години.

По веста за неговата смрт, многу уругвајски блогери размислуваа за значењето на неговото творештво. Блогерот на Psicosesion [шпански] опишува што може да се открие во творештвото на Бенедети во однос на турбулентното време во историјата на регионот:

Su escritura refleja los tiempos más difíciles de una Latinoamérica oprimida, por el autoritarismo, donde no se respetaron los derechos humanos, donde deja ver el sufrimiento humano a flor de piel, opresión que hizo que Mario se mantuviera durante largo período exiliado del país.

Pero siempre Mario desde donde cualquier lugar, hacia sentir su voz….jamás lograron callarle.

Неговото творештво е одраз на најтешките времиња во Латинска Америка. Со голема чувствителност ги опишува човечките страдања во времињата на апсолутизам, непочитување на човековите права и угнетеност поради која Марио остана прогонет од земјата подолго време.

Меѓутоа, Марио секогаш оставаше да биде слушнат неговиот глас без разлика каде и да беше…никогаш не успеаја да го замолчат.

Габа ен Монтевидео исто така пишува за влијанието на зборовите на Бенедeти врз нејзиниот живот:

Murio benedetti, asi, con solo dos palabras se fue su inspiracion y dejo mil poesias. Mil poesias y una historia que se repetia una y otra vez, como marcada en fuego, en la vida de muchos uruguayos, en mi vida. Benedetti formo parte de mi memoria. Con Benedetti pase noches y dias y encuentros leyendo sus vivencias, su audacia, su historia de hombre comun. Su literatura ha sido parte de mi sangre, de mis entrañas, ha sido como el aire que he respirado para crecer. Y desde siempre mi brujula.

Бенедети почина, и така, со тие два збора почина и мојата инспирација и замина зад илјадници поеми. Илјадници поеми и приказна кои постојано се повторуваа и повторуваа и како да тлееја во животите на толку многу Уругвајци вклучувајќи го и мојот живот. Бенедети создаде дел во мојата меморија. Со Бенедети поминував денови и ноќи читајќи за неговите искуства, смелост и едноставност. Неговата литература беше дел од мојата крв, внатрешност…беше како дел од воздухот кој го дишам. Секогаш беше мој компас.

Уругвајскиот блогер Марио Бланко се потсетува на времето кога го запознал Бенедети и на времето кога Бенедети му напишал посвета во една од неговите книги. Бланко е исто така горд што е „tocayo“ (термин кој се користи кога двајца споделуваат слично име) на Бенедети. Всушност, тие ги имаат истите иницијали, „М.Б.“.

Како прогоненик во период од десет години, Бенедети беше во Шпанија, Куба и Перу. Тоа што живееше во многу земји каде се зборува шпанскиот јазик не го направи популарен низ регионот, популарен го направија зборовите и убедувањата кон граѓаните кон останатите земји од Латинска Америка кои ги доживеале истите страдања поради апсолутистичкиот режим.

Неговите литературни дела ги надминаа границите. Исто така и други американски блогери ги споделија своите искуства. Меѓу нив е и Modestamente Humano [шпански] од Гватемала кој напиша:

por dedicar un poema de él que a fin de cuentas decía las cosas tal y como uno hubiera querido pero tal vez no tenía el talento para decirlas de una forma tan clara, tan franca, tan sencilla y tan bella.

Со посветување на една од неговата песни, на крајот го рече она што секој би сакал да го каже, но можеби немал талент тоа да го каже на јасен, искрен, едноставен и убав начин.

Алексеи Телјериас од Доминиканската република на Catarsis Diaria [шпански] напиша: „Марио, ти велиме збогум (само) физички, зашто ти остануваш во нас.“ Зениа Регаладо спомнува дека Бенедети поминал некое време во Куба кога бил прогонет и кога работел во кубанскиот истражувачки центар за јужно-американска и карипска литература (Casa de las Americas) во Хавана.

Перивиан Хуан Карлос де ла Фуенте, кој потекнува од земја во која Бенедети исто така поминал некое време, на Noticias del Interior [шпански] пишува дека уругвајскиот автор целосно го изживеал својот живот:

A estas altura de mi vida, después de tantas muertes y tantos renacimientos, sé que Mario Benedetti vivió de lo que escribió y escribió de lo que vivió. Y sé que fue feliz, por más sospechosa que pueda parecerle esta palabra a algunos despiadados críticos, es decir –como decía Borges y lo repite mi amiga Luz María Sarria- no pasó un solo día sin estar un instante en el paraíso.

Во овој дел на мојот живот, после толку многу смртни случаи и преродби, јас знам дека Марио Бенедети живеел онака како што пишувал, и пишувал онака како што живеел. Јас знам дека тој бил среќен, иако за некои овие зборови би изгледале како бесчувствителна критика, со други зборови, како што велат Борхес и мојата пријателка Луз Мариа Сариа, тој не помина еден ден, а да не биде во рајот барем за момент.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.