- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Еквадор: Претседателот Кореа критикуван за време на посетата на Европа

Категории: Популарен напис, Латинска Америка, Еквадор, Меѓународни односи, Миграција и имиграција, Политика

correa.jpg
Кореа за време на маршот во Гвајкил на 19 Јануари, 2008 г. – фотографија на Чарли Перез [1] лиценцирана под Криејтив комонс.

Минатата недела известивме дека Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа [2] беше топло примен во Шпанија и се покажа дека има различна врска со шпанскиот крал, и дека не мора да значи дека го следел Венецуелскиот претседател Хуго Чавез, како што се известуваше. Сепак, Кореа наиде на многу критики од толпите против неговото бездејствување по барањата на емигрантската заедница и поради неговата анти-колумбиска реторика. Еден од инцидентите беше снимен по состанокот во Домот на Северна и Јужна Америка во Шпанија во присуство на 1500 лица. Кореа беше јавно критикуван од еквадорски емигрант, кој тврдеше дека претседателот не обрнал внимание на барањата на емигрантската заедница. Додека претседателот заминуваше, му се обрати на човекот и рече, „целата еквадорска заедница има лош углед поради идиоти како тебе“.

Ова непрофесионално однесување беше причина за критиките од еквадорските медиуми и блогерите, како и членовите на Основачкото собрание. Дионисио Кандо [es] [3], член на Основачкото собрание за провинцијата Морона Сантијаго се осврнува на статија напишана од добро познатиот еквадорски новинар Карлос Вера, кој прашува кој ќе го затвори Кореа за таквата навреда на емигрантот.

Мнозинството од популацијата во земјата издржува сè друго освен понижување. Еквадорецот никогаш нема да заборави на својата гордост. Ќе видите како еден непристоен гест на еден претседател е првиот чекор кон тоталитаризам на кој што Еквадор се противи. Деспотот го знае тоа. Токму затоа еден „идиот“ го доведува до очајување. Тукушто му падна маската.

Ла Алхарака [es], блог од Гвајаквил пишува дека Кореа се осврнал на темата миграција за време на посетите на Мадрид, Брисел и Франција и побарал да не се криминализира миграцијата. Сепак, темата за Колумбија исто така излезе на површина кога еден колумбиски студент го критикуваше анти-колумбискиот став на Кореа. [es] [4]

Алекс Анацко [5] од Камбиемос Еквадор [es] објавува видеозаписи и смета дека Кореа треба да ги научи лекциите од Колумбискиот Урибе, наместо да користи погрдни имиња.

Додека во земјата има сè поголем број вознемирувачки економски показатели, Кореа наместо да поттикнува и да бара инвестиции, ја помина барата мрморејќи, за разлика од неговиот колега Урибе, кој освен што добиваше предлози од Бил Гејтс [http://el-federalista.blogspot.com – Федералистот] отиде во Европа да бара уште инвеститори. Но нашиот детинест и вулгарен претседател не може да каже нешто подобро од „Поради идиоти како тебе!“ …каква штета. Дали некој има некакви конструктивни предлози?

Ова е само едно од многуте прашања кои влијаат на популарноста на Кореа. Конфедерацијата на еквадорски домородни националности (КОНАИЕ [6]) сега е против Кореа поради „продолжувањето со десните неолиберални економски и расистички општествени политики.“ Освен тоа, лаптоп-компјутерот најден кај Раул Рејес, водачот на герилската група ФАРК кој беше убиен во пограничен спор покажа поврзаност меѓу Кореа и групата. Сепак, Корија рече дека ќе се повлече [7] доколку се докаже дека Владата ја поддржувала лево-ориентираната ФАРК.

Погледнете го видеозаписот на Јутјуб [8] од инцидентот меѓу претседателот и еквадорскиот емигрант.