Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Венецуела: Како децата ја прикажуваат заедницата преку фотографија

Имајќи ги предвид последиците од вооружениот конфликт во Колумбија, за жртвите на тој конфликт може да биде многу тешко. Преживеаните и бегалците мораа да избегаат од својата земја и да ја преминат венецуелската граница со цел да им пружат  безбедност на своите семејства. Меѓутоа, дури и тогаш ситуацијата не се подобри. Проблемите на имиграцијата, невработеноста, сиромаштијата и другите форми на небезбедност имаа лошо влијание врз квалитетот на животот на овие семејства.

Во рамките на заедниците, децата можат да бидат најранливи, но засега имаат огромен потенцијал кој треба да се развие. Групата Анкла2, која беше претставена на Глобал Војсис минатата година, добро ја разгледа оваа можност и им обезбеди работилница на групата деца бегалци во гратчето по име Ел Нулја, кој се наоѓа покрај границата меѓу Венецуела и Колумбија. Убавите пејзажи на регионот беа бекграунд за работилницата, која ги научи децата како да им пристапат и како да ги ценат деталите на секојдневното живеење, а меѓудругото и  да им развие чувство на припадност во заедницата. Ова го претставија преку фотографија и креативно пишување.

Така, на блогот Еl Nula por la Paz [шпански] е прикажано искуството и резултатите од овие работилници, при што се прикажува и приказната на заедницата, која честопати се игнорира од конвенционалните медиуми.

На сајтот може да се прочита:

Detrás de las hermosas formaciones geográficas que se observan desde que se entra a El Nula, se crean una serie de preguntas, ya que la imagen que se tiene desde la capital y otras provincias venezolanas no es muy positiva del todo, ¿cómo vive la gente del pueblo?, ¿por qué esa imagen negativa de sus habitantes?, ¿cómo se entretienen los niños?, ¿cuáles son las ventajas de sobrevivir en esta controversial población?

Por medio de la fotografía y la redacción de algunos textos que acompañan a las fotos podemos notar como los niños van más allá de lo que comúnmente puede verse en el pueblo, pues el contacto humano y la querencia de un pueblo en paz nos sirve para darnos cuenta en cómo la luz de sus miradas traducen el universo ideal que está dentro de sus visiones futuras.

Штом некој влегува во Ел Нулја, покрај убавите географски облици, на ум паѓаат неколку прашања, бидејќи сликата која што ја имаат луѓето од големите градови не е секогаш онаа најдобрата. Како живеат луѓето од овој град? Зошто тие ја имаат таа негативна слика за овие жители? Како децата го поминуваат времето овде? Кои се стратегиите на преживување на ова толку контроверзно население?

Преку фотографијата и придружниот текст, можеме да видиме како децата ја поправија најчесто претставената слика за она што се случува во градот. Човечниот пристап и љубовта на мирните луѓе е добра причина да сфатиме како светлината на детските очи може да го пренесе идеалниот универзум кој постои во идните генерации.

Некои од учесниците на работилницата се претставени на блогот. Клеида, која има тринаесет години, избра да фотографира и да пишува за кравите кои ги гледа во нејзината заедница.

Фотографија на Клеида користена користена со дозвола

Фотографија на Клеида (искористена со дозвола)

Yo voy a escribir sobre las vacas. Las vacas dan leche y de la vaca que estoy escribiendo la vi cuando íbamos para La Playita y la vaca tenía un becerrito recién nacido, y un perro se estaba comiendo la placenta de la vaca. Le tomé la foto y nos fuimos del lugar donde estaba la vaca y el becerro, y me gustó ver el becerrito tan lindo que tenía.

Ќе пишувам за кравите. Кравите даваат млеко. Кравата за која пишувам ја видов кога одевме накај Ла Плајита. Кравата имаше новороденче и тоа цицаше од неа млеко. Ги фотографирав, а подоцна отидовме на местото каде што беше кравата и многу се радував кога го гледав теленцето.

Алваро, кој има четиринаесет години, ја фотографираше мајка му и постот го нарече : „Мајка ми е како роза(и) “:

Фотографија на Алваро( искористена со дозвола)

Фотографија на Алваро( искористена со дозвола)

La foto la tomé porque es mi mamá y porque yo la quiero mucho. La otra foto se la tomé a mi vecina porque es muy amable con las personas y le enseña a los de tercera edad y a los niños, por eso me gusta tomarle a mi mamá a la vecina y a los animales, a las cosas, y a las personas que fueron para el curso de fotos. Al profesor Álvaro y a las personas de la calle y a los conocidos, a Ingrid. La foto que más me gustó fue la de mi mamá y la de Ingrid.

Ја направив оваа фотографија, затоа што таа ми е мајка и затоа што многу ја сакам. Ја фотографирав и една наша сосетка, затоа што е многу добра кон сите луѓе и ги учи постарите граѓани и деца. Сакам да ги фотографирам мајка ми, соседите, животните…како и луѓето кои дошле во работилниците. Го фотографирав нашиот учител Алваро, луѓето од улицата и луѓето кои ги знам. Најмногу ми се допадна фотографијата со мајка ми и Ингрид.
Фотографија на Анкла2 (искористена со дозвола)

Фотографија на Анкла2 (искористена со дозвола)

Проектот беше  пречекан со восхит и од страна на останатите во граѓанската медиумска заедница. Дејвид Сасаки објави пост за овој проект, во кој меѓудругото многу се пишува и за актуелниот конфликт и бегалците:

Она што ми се допаѓа кај овој проект е тоа што не го претставува гратчето Ел Нулја како воена зона како и секоја друга онлајн референца за заедницата. Ел Нулја се прикажува од очите на оние кои живеат таму. Кога понатаму ќе се случи трагедија, младите луѓе од Ел Нулја ќе знаат како да користат онлајн алатки со цел да ја развијат свеста кај луѓето и да бараат помош. Но, дотогаш тие исто така ќе знаат како да ја развијат свеста за добрите работи во својот живот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.