- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Индија: Геј-заедницата покажа поддршка по прикажување на видео

Категории: Јужна Азија, Индија, Граѓански медиуми, Технологија, Филм, Хомосексуални права (ЛГБТ)

Силата на едно видео снимено од граѓанин од Раипур, Индија, се покажа дека може да направи промена. Во видеото се прикажува страдањето на геј-заедницата овозможувајќи им на гледачите со различно потекло да покажат сочуство и да ја изразат нивната поддршка преку организирање на мирни демонстрации.

India Unheard logo [1]

Лого на Нечуена Индија

Видео волонтер [2] и новинар и граѓанин на Нечуена Индија [3], Сарват Начви, го прикажа своето видео во Рајпур кое се однесува на потрага по идентитетот на геј-заедницата во Чатисгар. Видеото покажува како дискриминацијата, сексуалната злоупотреба и недостатокот на идентитет се само некои од проблемите со кои се соочуваат хомосексуалците и евнухите, за кои некои сметаат дека се од „трет род“ во Индија.

Сарват [3] го организираше прикажувањето на видеото со локалната женска заедница, Самата Мајла Мандал и вкупно околу 45 луѓе се појавија, вклучувајќи и хомосексуалци и трансексуалци како и локално население кое сакаше само да се информира.

Резултатите беа позитивни: членовите на заедницата научија за проблемите со кои се соочува оваа традиционално невидлива група и веднаш тргнаа да дејствуваат и хомосексуалците кои го гледаа видеото беа повластени да станат дел од напорите за борба за нивните права и да работат на повклучена заедница.

Нечуена Индија [2] е заедничка новинска иницијатива на видео волонтери каде што мрежа на известувачи од локалната заедници се обучуваат за да ги раскажуваат приказните за нивните заедници кои обично не се кажуваат од обичните медиуми.

Community correspondent for India Unheard. Image by Flickr user Video Volunteers(VV) (CC BY-SA 2.0). [4]

Известувач од заедницата за Нечуена Индија. Фотографија на Фликер корисникот- Видео Волонтери (ВВ) (Криејтив Комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 2.0).