Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мароко: Контроверзии околу меѓународниот музички фестивал

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за протестите во Мароко 2011 година.

Секоја година главниот град Рабат е домаќин на големиот музички фестивал Mawazine. Од неговиот скромен почеток Mawazine напредна многу и во последната деценија стана една од најдобрите национални манифестации, со стотици локални и странски изведувачи со шаренолика програма.

Оваа година организаторите на фестивалот ги најавија големите светски ѕвезди: Шакира, Кание Уест, Џо Кокер, Јусуф Ислам, Тикен Јах Факоли, Квинси Џонс и Лајонел Ричи.

Изминатите неколку години фестивалот беше проследен со контроверзии. Во 2009 година, беа преиспитувани сигурносните стандарди откако десетици луѓе умреа, а голем број беа ранети во стампедото кога се сруши жичената ограда. Во 2010 година, мароканските религиозни конзервативци побараа поп-ѕвездата Елтон Џон да не настапува, поради неговата сексуална ориентација. На големо задоволство на публиката, Елтон Џон сепак излезе на сцената.

Rabat sunset, Morocco. Image by Flickr user }{enry (CC BY 2.0).

Зајдисонцето на Рабат, Мароко. Фотографија од корисник на Фликр- }{enry (Криејтив Комонс Наведи извор 2.0).

Оваа година фестивалот ќе се одржи на крајот на мај, во моментот кога Мароко се наоѓа на политичка „раскрсница“. Во последните неколку месеци, луѓето постојано излегуваат на улиците барајќи политички промени. Една од нивните најголеми барања е недостатокот на транспарентноста кога станува збор на кој начин Владата ги троши парите од даночните обврзници.

Фестивалот, кој го промовира Мароко низ целиот свет, добива финансиска и логистичка подршка од Владата. Сепак некои протестанти, вклучувајќи го движењето „20 февруари“, се прашуваат колку е паметно Владата да го спонзорира фестивалот. Објавено е отворено писмо, за кое се верува дека е дело на движењето, кое претставува апел до изведувачите кои го потврдиле своето учество да размислат повторно. „Доколку одбиете да присуствувате, вие ќе придонесете за реформирање на Мароко и ќе му помогнете во градење на патот од транзицијата кон демократијата“, се вели во писмото.

На Фејсбук и Твитер поддржувачите и противниците на музичкиот фестивал се пуштија во рамноправна битка.

Исто така, се појави и група за поддршка на фестивалот на блогот „Tous pour Mawazine“ (Сите за Mawazine). Нивниот прв напис порачува:

Драги Мароканци, размислете за сето ова. Помогнете ѝ на нашата држава на патот кон демократијата, кон слободата. Поддржете го фестивалот Mawazine и немојте да им дозволите на овие „мрачни луѓе“  да ја уништат уметноста и културата, средствата за демократското изразување.

На Фејсбук се појави групата „Национална кампања за откажување на музичкиот фестивал Mawazine“. Групата брои повеќе од 20.000 членови. Во нејзиниот опис стои следново:

أطلقت هذه الحملة الوطنية بهدف أساسي هو الإلغاء النهائي لمهرجان موازين وكل مهرجانات تبذير المال العام في ما لا ينفع لأن أولويات صرف المال العام في المغرب هي البنية التحتية وتعزيز الخدمات الأساسية وتوفير مناصب الشغل لشباب الوطن

Оваа кампања е покрената со цел да се откаже одржувањето на фестивалот Mawazine и другите фестивали на кои се трошат државните пари. Приоритет во трошењето на државните пари во Мароко треба да бидат инфраструктурата, унапредување на јавните услуги и наоѓање работа за младите.

На Твитер, поддржувачите на фестивалот тврдат дека оние кои сакаат да го укинат фестивалот се многу кратковиди бидејќи самиот настан со текот на годините се има претворено во успешен бизнис со кој тие заработуваат и се отвораат бројни работни места. Монцеф Белклајат е мароканскиот министер за младите и спортот. Тој објавува на Твитер:

@citizenkayen @meryemsaadi mawazine a cree un vrai business model. Les subv(entions) publ(iques) representent tres peu par rapport a d'autres festivals de mus(ique)

@citizenkayen @meryemsaadi Музичкиот фестивал Mawazine создаде еден вистински успешен модел. Средствата кои ги дава Владата се навистина многу мали во споредба со другите музички фестивали.

Тој додава:

@citizenkayen pourtant on devrai(t) etre fier d'avoir l'un des meilleurs festivals au monde..avec un bus(iness) model ou tout se vend! 35000 clients!

@citizenkayen Ние треба да сме горди што имаме еден од најдобрите музички фестивали во целиот свет со успешен работен модел кадешто сè е распродадено! 35.000 клиенти!

Хоуда Ц. е блогерка. Таа жали што дебатата околу Mawazine не го покрена прашањето за „културната стратегија“  на државата. Таа пишува:

Tout changement démocratique, nous le savons tous, ne sera complet sans une stratégie culturelle adéquate !
Tout d’abord un constat : l’activité culturelle aujourd’hui au Maroc s’apparente principalement, saufs rares exceptions, à de l’événementiel. On est principalement dans la culture du divertissement.

Il va s’en dire que les initiatives culturelles, personnelles ou associatives, ont vu un essor intéressant ces dernières années, mais ceci n’est pas le propos. Les initiatives indépendantes ne remplacent en aucun cas une véritable stratégie culturelle de l’état.

Сите ние знаеме дека каква било демократска промена нема да биде потполна без соодветна културна стратегија! Можеме да забележиме дека културната активност во Мароко се сведува само на неколку забави, со исклучоци на неколку настани. Воглавно, сè се заснова на културата на забавувањето.

И покрај тоа што бројот на културните иницијативи, индивидуални или пак групни, порасна многу во последниве години, сепак тоа не е решение. Независните иницијативи не можат да ја заменат културната стратегија која ја одредува државата.

Надја Ламилили е новинарка и блогерка. Таа во сета оваа контроверзност го гледа подемот на културата во Мароко. Таа вели дека медиумите им ја имаат всадено таа култура на младите Мароканци. Таа пишува [француски]:

Ce que cette population reproche aux responsables de Mawazine ou à Moncef Belkhayate [ministre de la jeunesse et des sports], c’est qu’ils n’ont pas communiqué d’une façon transparente et cohérente sur la façon avec laquelle ils ont géré les deniers publics. Les Marocains sont en train d’exercer la culture du « rendre des comptes », Al Mouhassaba en arabe ou l’accountability en anglais. Et il est de notre intérêt à nous tous d’exercer ce droit sans susceptibilité, dans le total respect des lois et de la cohérence des pensées de chacun.

Car avec les médias sociaux, cette culture d’accountability ne fera que gagner du terrain. La rétention de l’information n’a plus lieu d’être. Les citoyens se sont appropriés les moyens d’information et en très peu de temps, peuvent recouper et publier. Bien sûr, il y a du bon et du mauvais sur la toile. Alors, pour se forger une position, cette jeune communauté cybernétique marocaine veut se baser sur la raison, des faits empiriques et vérifiables et…elle demande aux responsables de ce pays de faire de même.

Она за што народот ги обвинува организаторите на Mawazine и Монцеф Белклајат [Министерот за млади и спорт] е нивниот недостаток и транспарентност во начинот на којшто управуваат со државните фондови. Мароканците ја практикуваат културата „Mouhassaba“, или културата на одговорноста. Во наш интерес е да ја практикуваме културата без никаква чувствителност и во согласност со законите и ставовите на сите нас.

Друштвените медиуми помагаат во отемелувањето на културата на одговорноста. Прикривањето на информациите повеќе не се оправдува. Граѓаните ги презедоа медиумите и за кратко време можат да ги проверат информациите и да ги објават. Но, интернетот има и добри и лоши страни. Така да за да го оформи мислењето младата мароканска сајбер заедница бара да се потпре на разумот и емпириски проверени факти… а, ги повикува и државните лидери да го сторат истото.

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за протестите во Мароко 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.