Србија: Интернационален ден против хомофобијата

На интернационалниот ден против хомофобијата, обележан на 17 мај, српската организација за лезбејските права Лабрис имаше своја изјава.

Јасмина Тешанович, српски политички активист и писател, повторно го објави текстот со изјавата на нејзиниот блог Б92. Следува превод од српски:

[Српска лекарска асоцијација]: Хомосексуалноста не е болест.
Хомосексуалноста не е болест, стои во дописот од психијатрискиот оддел на српските лекарски друштва, кој го доби Лабрис како одговор на барањето оваа домашна организација да го потврди официјалниот став на светската здравствена организација [World Health Organization, (WHO)] веќе 18 години.

На 17 мај, интернационалниот ден против хомофобијата – и како дел од иницијативата „Дали си хомофобичен?“ – Лабрис се обрати на СЛК, српската лекарска комора и идниот министер за здравство. Лабрис очекува идниот министер веднаш по назначувањето да прогласи дека хомосексуалноста не е болест. Исто така, Лабрис очекува усвојување на етички код за сексуалната ориентација од српската лекарска комора, за да помогне во спречување на дискриминацијата против луѓето на кои им е потребна медицинска помош.

Се сеќаваме дека Лабрис – организацијата за правата на лезбејките – оваа година постојано се обидува да влијае на многубројните организации, вклучувајќи го министерството за здравство, да склучат договор за соработка со светската здравствена организација. Една од релевантните домашни организации – СЛК – искажа согласност со WHO. На овој начин, Лабрис сака да ги поттикне другите организации да се приклучат во борбата за уништување на предрасудите. 17 мај е ден за промоција на правата на лезбејките и хомосексуалците, бидејќи на овој ден во 1990 WHO официјално ја тргна хомосексуалноста од својата листа на болести.

Драгана Вичкович

Лабрис – организација за правата на лезбејките
Бејград, Србија
Имејл: lobi@labris.org.yu
Тел: + 381 11 334 1855, + 381 11 334 7401
Имејл: labris@labris.org.yu
Тел/факс: + 381 11 3225 065
Моб: +381 63 8 513 170
Веб: www.labris.org.yu

Даунгритер коментира:

Мило ми е поради нивниот чекор, но сигурен сум дека ќе бидат нападнати од сите страни. Мислам дека е многу храбро да се објави оваа изјава, особено кога не е познато кој ќе одговара [по изборите на 11 мај, новата влада тек треба да се формира].

Драго Ковачевиќ одговара на коментарот на Даунгритер:

Нападот нема да биде многу моќен. Сите се плашат од доктори, бидејќи секој мора да се справи со нив еден ден.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.