- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Фото и видео сторија за Француските гробишта во Скопје

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Македонија, Мароко, Сенегал, Франција, Војни и конфликти, Историја, Меѓународни односи

Волан објави [1] фото и видео сторија за Француските гробишта во Скопје, на кои се закопани посмртните останки на 2930 војници од Франција и нејзините колонии, меѓу кои Мароко и Сенегал, кои паднале во текот на Првата светска војна на Македонскиот фронт [2], познат и како Солунски фронт (1915-1918). Местото претставува историска и архитектонска знаменитост од која е овозможен прекрасен поглед на стариот дел на градот.