Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Азербејџан: Реакција на блогерите за масакрот во универзитетот

Информацијата за трагедијата која се случи во Баку при крајот на минатиот месец, која ги шокираше луѓето ширум светот, бавно се рашири и сега после неколку недели се уште има прашања кои останаа без одговор. Она што е познато е дека на 30 април 2009, 13 луѓе беа убиени во страшна престрелка во Државната Академија за нафта во Азербејџан.

Но, со многу малку локални извештаи за инцидентот, многумина како 27 месеци во Азербејџан не биле сигурни што всушност се случило:

There was a shooting at a university in Baku today. The only thing that I’ve heard that seems credible is that there was a Georgian who was ethnically Azeri that entered the school and started shoot at people as he made his way up a staircase before turning the gun on himself. […]

I’ve heard rumors of up to 50 people dead and up to three gunmen, but I’m not sure what to believe at this point.

Имаше пукање во Универзитетот во Баку денес. Единствената сигурна информација е дека Грузиец кој бил етнички Азери влегол во училиштето и започнал да пука во луѓето и одел нагоре по скалите се додека не го свртел оружјето кон себе.
Слушнав гласини дека дури 50 луѓе се мртви и има дури три напаѓачи, но не сум сигурен во што да верувам.[…]

И, навистина, медиумите од земјата не дадоа известување за настанот дури и неколку часови после известувањата од интернационалните медиуми, како Jessica P. Hayden is off the map посочи:

[…] while the murders were taking place with police rushing to the scene the television channels all continued to broadcast their midday talk shows. (Think very, very low budget Oprah or Ellen.) No cut away to breaking news. No updates. One woman I talked to seethed that she got better information from internet message boards than from any official news sources. […]

[…] додека се случуваа убиствата и полицијата брзаше кон местото на настанот, тeлевизиските канали продолжуваа да ги емитуваат нивните дневни емисии. (Помисли, многу, многу низок буџет – Опра или Елен). Никаков прекин за важни вести. Никакви најнови вести. Една жена со која зборував кажа дека добила подобри информации од интернет форумите отколку од било кој официјален извор[…]

Некои студенти додека биле евакуирани со нивните мобилни телефони снимиле видео со страшните сцени внатре во универзитетот.

Една недела после трагичните настани, Flying Carpets and Broken Pipelines се сеќаваат кога за прв пат ги слушнале вестите:

30th of April, I am in Istanbul, heading to work, seems like just a normal day, the weather is finally sunny. But everything changes once I arrive to my office, a colleague tells me if I have heard what happened at one of the Baku's Universities […]. I turn on my computer and check the news- 22 students died (the actual number was 13 according to the latest news that day) in tragic shootings at Azerbaijan's Oil Academy. First comes the shock, then comes sadness, followed by anger.

I frantically check the news every 15 minutes- nothing much, still the same, x number of people dead, x number of people wounded. I check my Facebook, news are everywhere- all my friends’ upload the latest numbers.

[…]

But still no precise news about the perpetrators, the reason behind the shooting and the true story. […]

30 Април, јас сум во Истамбул, брзам накај работа, се изгледа како обичен ден, времето конечно е сончево. Но, само што стигнав во канцеларијата и се се смени, колегата ме праша дали сум слушнал што се случило во еден од Универзитетите во Баку. […] Го вклучив компјутерот и ги проверив вестите, 22 студенти починале (вистинската бројка беше 13 според последните вести тој ден) во трагичното пукање во Азербејџанската Академија за нафта. Најпрвин дојде шокот, потоа тагата па следеше лутината.
Ги следев вестите на секои 15 минути, ништо ново, се е исто, х луѓе починале, х луѓе се повредени. Проверив и на Facebook, вести имаше насекаде – сите мои пријатели ги поставиле најновите бројки.
[…]
Но, се уште нема прецизни вести за напаѓачите, причините за нападот и вистинската приказна[…]

Пишувајќи за Frontline Club, автор од Global Voices Online Али С. Новрузов покрена одредени прашања кои денес ги поставуваат многумина во Баку, како и Side – Talks Azerbaijan.

As we sympathize with the families of those who have lost their love ones, it is wise to put some questions in perspective. It could be anybody, but why is there no concrete news as to what actually happened? Why is there still no defined motive for the killings? Who were those involved? And to what extent has investigations revealed other “assumed” accomplice?

Иако, сочувствуваме со семејствата кои ги изгубија своите сакани, мудро е да се постават одредени прашања. Може да биде било кој, но зошто нема никакви конкретни вести за тоа што всушност се случи? Зошто се уште нема конкретен мотив за убиствата? Кој беше инволвирани? И до која мерка истражувачите ги открија и останатите соучесници?

Во меѓувреме, Sheki, Azerbaijan, го сумира шокот кој го чувствуваа сите во земјата тој ден и вели дека трагедијата ќе биде запаметена во годините кои доаѓаат:

Unfortunately 30 April 2009 in memories of many families in Azerbaijan will stay as the day when their children went to university and never returned home. Today gunman shot to death at least 13 people in Oil Academy of Azerbaijan in Baku and many are heavily wounded. We don't know the reasons yet…and no reason will return those innocent victims (Allah rəhmət eləsin – Peace be with all victims).

За несреќа, 30 април 2009 во сеќавањата на сите семејства во Азербејџан ќе остане како ден кога нивните деца заминаа во универзитетот и никогаш не се вратија дома. Денес напаѓач пукаше и уби најмалку 13 луѓе од Академијата за нафта на Азербејџан во Баку и многу луѓе беа тешко ранети. Се уште не ги знаеме причините… и никакви причини нема да ги вратат тие невини жртви (Allah rahmat elasin – Мир за сите жртви)

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.