Мароко: Водење грижа за животните

Американ Фондук е болница за животни во Фез, Мароко, основана во 1920-та година со посредство на Асоцијацијата во Масачусец за спречување бруталност врз животни (MSPCA). Болницата, која што обезбедува заштита на големи и мали животни, со персонал претежно од марокански ветеринари и членови, сепак, неодамна се појави на блогосферата, благодарение на напорите на ветеринар од Бостон, Д-р.Ден Бирос. Д-р.Бирос, кој специјализира офталмологија за животни, хронолошки ја запишувал неговата работа во Фондук на еден официјален блог. Во еден неодамнашен пост, тој дискутира за прашањата поврзани со миленичиња во Мароко:

Не ми точно јасно колку многу знаење имаат мароканските сопственици на миленичиња за тоа како да водат добра грижа за нив. Врската меѓу човекот и животното е универзална, но постојат одделни културни разлики во поглед на тоа како треба да се спроведува соодветната грижа кон миленичето. Насекаде постојат голем број на прашања за бруталност кон животните и за таа причина, пред 80 години е основана Амeрикан Фондук. Убеден сум дека персоналот во Фондук постојано му помага на локалното население да сфати што е потребно за во секоја прилика да се обезбеди соодветна грижа за едно животно. Ова не е лесна задача. Тие работат по примери. Смирувачки е да го гледам тоа секој ден додека сум овде.

Последната ноќ од престојот на Д-р. Бирос во Мароко, тој напиша:

За мене, рајот не е најголемото исполнување на нечии желби и апсолутно отстранување на секоја лоша работа, туку тоа е дело на давање и примање, разменување подароци еден со друг без разлика колку се големи или мали. Рајот е осигурување дека активно учествуваме, најдобро што можеме, во овој понекогаш луд свет и свесно апсорбираме сè што ќе ни се најде на тој пат. Без разлика како ќе го дефинираме рајот, чувствувам дека дел од дефиницијата е желбата за рајот да потрае.

На крај, Д-р. Бирос напиша за своите искуства од последната ноќ во Фез:

Алиша и јас бевме поканети од страна на една берберска фамилија на вечера и дружење. Еден човек кој продава теписи, целосен странец за мене со кого се запознавме пред еден ден во медината, не покани на пилешки кускус, на чај и на разговор. Жена му и двете ќерки тинејџерки беа таму и постарата на рацете и дланките на Алиша и направи дезени со к’на. К’носувањето е прекрасна декоративна уметност во Индија и Арабија која датира векови наназад. Разговараме за фамилијата и за работата, го делевме јадењето од една голема чинија како што е традиција во Мароко, секој од нас користејќи ја сопствената лажица.

Апартманот беше скромен, но имаше сè што на некој може да му притреба, кујна, соба за рекреација и спални соби. Исто така, обезбедуваше прекрасна глетка на медината од покривот, каде се чувствувате како пчела во голем пчеларник. Како што гледавме во лавиринтот на градот сфативме колку добро сме пречекани и колку далеку од дома се најдовме.

Колку често би се случило нешто вакво во Бостон? Целата вечер делуваше врз нас хипнотизирачки и иако се чувствувавме зашеметени ни беше угодно. Ова е рај.

До следното пишување,
M’a ssalama (мир и збогум)
Д-р. Бирос

Ѕидна слика во Американ Фундук

Ѕидна слика во Американ Фундук

Блогерот кој стои зад Près du Puits, исто така, неодамна напиша за Фундук, каде што ги однела своите мачки да ги вакцинираат. Блогерот вели:

Во Фез постои неверојатно место, речиси магично. Тоа е Американ Фондук, болница за животни основана во 1920 година од страна на Сидни Хенс Колман, којшто се грижел за здравјето на експлоатираните животни во Мароко. Скоро век подоцна, Фондук – што на арапски значи хотел – сè уште бесплатно лекува илјадници животни годишно. Голем број животни кои се експлоатираат – кобили и магариња – но, исто така, мачки и кучиња (иако претпоставувам дека не лекувале многу мачки и кучиња во 1920-та година).

Исто така, таа сподели голем број фотографии од Фондук и неговите пациенти:

Пациент во Американ Фондук

Пациент во Американ Фондук

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.