Глобал Војсис станува партнер со „Ехото на Москва“

Со задоволство го најавуваме нашето партнерство со „Ехото на Москва”, најпроминентната и најпочитувана радио станица во Русија со стотици илјади слушатели низ целиот свет. Оваа станица, со право се смета за највлијателна во Русија.

Радиото „Ехото на Москва” работи одлично врз претставувањето на различните аспекти на руското општество и придонесува со единствениот начин на гледање на најтешките прашања во земјата и во светот. Поголемиот дел од емисиите на „Ехото на Москва” се посветени на аналитички програми и говорни емисии. Радио емисијата е една од малкуте медиумски пазари во Русија кои тежнеат кон висок стандард на новинарство. Многумина сметаат дека „Ехото на Москва” е опозициска радио станица но, како што вели главниот и одговорен уредник Алексеј Венедиктов, се работи повеќе за „една неформална радио станица“ која служи како платформа за дискусија помеѓу разни сили и место за анализа, идеи и мислења на различни политички структури.

Уште една одлична карактеристика на „Ехото на Москва“ е активното користење на разни онлајн платформи со цел да го зголеми бројот на слушатели и да продолжи да биде соодветна на полето на глобалното новинарство кое доживува постојани промени. На својата веб-страницата претставвува една обемна мрежа на руски блогери каде луѓето споделуваат неверојатни приказни за животот во различни делови на земјата.

Оваа е причината што сме толку возбудени за почетокот на соработката со најпрофесионалните руски новинари и истакнати нетизени и што ќе објавуваме повеќе гледишта на руската онлајн заедница до глобалната јавност и во продолжение, да го донесеме Глобал Војсис поблиску до руското говорно подрачје.

„Ехото на Москва“ веќе има направено одделна веб-страница посветена на Глобал Војсис онланј. Рускиот тим на GVO Lingua ќе ги преведува статиите кои подоцна ќе бидат претставени на веб страницата на „Ехото на Москва“. На тој начин, статиите на GVO ќе бидат попристапни за руската јавност. Истовремено, GVO ќе одбира вести објавени од „Ехото на Москва“, ќе ги преведува на англиски и ќе ги објавува на веб страницата на GVO. Ова ќе ги зближи руската и меѓународната онлајн заедница.

Би сакале да им се заблагодариме на луѓето кои ревносно работеа за да ја овозможат оваа соработка. Им се заблагодаруваме на Алексеј Венедиктов, главен и одговорен уредник на „Ехото на Москва“ и на Наргиз Асадова, заменик главен уредник на радиото, што беа отворени кон новите перспективи. Особено му благодариме на нашиот Грегори Асмолов кој го започна проектот и дури и одлета до Москва за да се сретне со претставниците на „Ехото на Москва“ за да се договорат за деталите околу оваа соработка.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.